Избори на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет- Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Врз основа на Одлука на Декан бр.02-3271/1 од 06.11.2023 година се распишуваат избори за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет- Скопје.

Изборите ќе се одржат на ден 07.12.2023 година.

Изборите за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет- Скопје ќе се спроведуваат во работни денови во текот на неделите за настава во зимскиот семестар од учебната 2023/2024 година.

Упатството за спроведување на изборите на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет- Скопје од Изборната комисија ќе биде објавено на веб страната на Факултетот.