Ве известуваме дека согласно законските прописи, се распишани избори за 10 (десет) членови на Факултетското студентско собрание и 1 (еден) претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје.
Изборите ќе се спроведат на 7.12.2022 година (среда) во просториите на стариот деканат (барака).
Право да избираат и да бидат избрани за членови на Факултетското студентско собрание имаат сите студенти кои се запишани на студии во учебната 2022/23 година и имаат запишан зимски семестар.
Кандидатите за претставници во Факултетското студентско собрание се утврдуваат на собири на студенти по предлог на студентите од секоја студентска година запишани на додипломските студии и по предлог на студентите запишани на постдипломски и докторски студии.