Едукативна работилница во градинката ЈУДГ Кочо Рацин – објект Н. Н. Борче – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉Во соработка со Општина Центар, претставници од Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје реализираа работилница за подигнување на свеста за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана во градинката ЈУДГ Кочо Рацин – објект Н. Н. Борче.

👉 Дечињата добија подароци (боенка, четкичка и паста) од нашиот партнер Интердентал ДООЕЛ Скопје.