Едукативна работилница во градинката ЈУДГ Кочо Рацин – клон Бели Мугри – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје, реализираше работилница за подигнување на свеста за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана.

👉 Реализирањето на работилниците е во рамки на Меморандумот за соработка со Општина Центар, а дечињата добија подароци (боенка, четкичка и паста) од нашиот партнер Интердентал ДООЕЛ Скопје.