Едукативен настан – Улогата на стручната стоматолошка сестра – орален хигиенолог кај пациенти со протетички и ортодонтски надоместоци – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје ги поканува кандидатите кои имаат дипломирано на студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје да учествуваат на едукативниот настан со наслов ,,Улогата на стручната стоматолошка сестра – орален хигиенолог кај пациенти со протетички и ортодонтски надоместоци“

👉Учеството на едукативниот настан е БЕСПЛАТНО.

👉Едукацијата ќе се одржи во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид, во период од 30.9.2022 до 2.10.2022 година.

👉Линк за пријавување: https://forms.office.com/r/C3y52H15ig

За дополнителни информации може да обратите на раководителот на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Кристина Митиќ, на следниот e-mail: kmitik@stomfak.ukim.edu.mk