Едукативен настан – Ортодонтски третман – видови на апарати и различни начини на поместување на забите, пародонтален одговор и индивидуален пристап во оралната профилакса – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје
🦷На 23.12.2023, во просториите на Стоматолошкиот факултет – Скопје, во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, се одржа едукативен настан со наслов: ,,Ортодонтски третман – видови на апарати и различни начини на поместување на забите, пародонтален одговор и индивидуален пристап во оралната профилакса“.
🪥Настанот беше организиран од страна на Центарот за кариера на Стоматолошки факултет – Скопје и Интердентал ДООЕЛ.
👨🏻‍⚕️👩🏼‍⚕️Специјализантите од областа ортодонција имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да се запознаат со различни модалитети од ортодонтската терапија, да ги проследат процесите на ремоделирање на пародонталните ткива и да се стекнат со дополнителни практични вештини како :
– Апликација на еластични, жичани лигатури и еластични ланци – кетени на модели со фиксен апарат
– Техники на одржување на орална хигиена кај фиксни ортодонтски апарати
– Употреба на основни и дополнителни средства за одржување на орална хигиена кај пациенти со ортодонтски апарати