Д-р Филип Конески од Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија во Скопје, специјализант на Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, е добитник на престижната конгресна награда Prof. Helene Matras, на јубилејниот 25 Конгрес на Европската асоцијација за краниомаксилофацијална хирургија кој се одржува во виртуелен формат во моментов.
Нашиот факултет создава услови и се посветува на градење кадри чии научни истражувања и достигнувања се препознаени од најголемите европски и светски организации, на најелитните настани, каде учествуваат голем број авторитети и експерти во различни области.
Д-р Конески на овој конгрес го презентираше својот труд насловен „Effects of geranylgeraniol on the development of medication-related osteonecrosis of the jaw – an animal study”, кој исто така беше објавен од престижното научно списание Journal of Cranio-Maxillo-Facial Surgery.