Дополнителна сесија – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Се известуваат студентите дека со Одлука на Наставно-научен совет е овозможена дополнителна сесија во учебната 2020/21 година за најголем дел од задолжителните предмети од студиските програми за прв циклус на студии.

Дополнителната сесија започнува на 24.9.2021 година и трае заклучно со 30.9.2021 година. Надоместокот за полагање на еден испит во дополнителната сесија изнесува 1.500,00 денари.

Сите студенти кои сакаат да полагаат испит односно повеќе испити во дополнителната сесија е потребно да донесат (со физичко присуство во службата за студентски прашања) пријава за полагање на испит и потврда за уплатен надоместок за полагање на испит најдоцна до среда, 22.9.2021 година до 12 часот. Студентите исто така, мора испитот да го пријават и електронски преку IKnow системот, почнувајќи со денешниот ден (17.9.2021), заклучно со среда (22.9.2021) до 12:00ч.

Само студентите кои ќе полагаат во дополнителната сесија ќе можат да го запишат зимскиот семестар од учебната 2021/22 година најдоцна до петок, 8.10.2021. Заради избегнување на групирање на поголем број на студенти, запишувањето за тие студенти ќе биде според следниот распоред:

Доктори по дентална медицина

  • Понеделник, 4.10.2021 – 3 семестар
  • Вторник, 5.10.2021 – 5 семестар
  • Среда, 6.10.2021 – 7 семестар
  • Четврток,7.10.2021 – 9 семестар
  • Петок, 6.10.2021 – 11 семестар

Стручни забни техничари и стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози

  • Понеделник, 4.10.2021 – 3 семестар
  • Вторник, 5.10.2021 – 5 семестар

Во прилог е распоредот за полагање во дополнителната сесија:

-Прва година ДДМ
-Втора година ДДМ
-Трета година ДДМ
-Четврта година ДДМ
-Петта година ДДМ
-Прва, втора и трета година СЗТ
-Прва, втора и трета година ССС