Светската здравствена организација (СЗО) донираше лична заштитна опрема на Стоматолошкиот факултет – Скопје во вредност од 104.000 американски долари.
Личната заштитна опрема е наменета за студентите и специјализантите на Стоматолошкиот факултет – Скопје и наставните бази на факултетот – ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон’’ во Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија ,,Акд. Илија Васков’’.
На настанот присуствуваше шефицата на СЗО во Република Северна Македонија, г-ѓа Џихан Тавилах, при што беше остварена работна средба на која беше разговарано за идните активности со Факултетот.