Донација од компанијата Промедика ДООЕЛ – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉 Согласно склучениот меморандум за соработка помеѓу Стоматолошкиот факултет во Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје и компанијата ПРОМЕДИКА ДООЕЛ, обезбедена е донација на кофердам – OptraGate од Ivoclar Vivadent за изведување на практичната настава.

👉 На 21.2.2022 година, во 10 часот, за студентите кои го слушаат предметот Клиничка ендодонција, проф. д-р Соња Апостолска ќе им одржи едукативно предавање за работа со кофердам – OptraGate. Студентите за време на практичната настава ќе имаат можност и да го применат кофердамот на пациентите.