На 12.10.2021 пред платото на Ректоратот на УКИМ беа доделени пофалниците и пригодните награди на најдобро дипломираните студенти за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година.
Наградата за дипломиран студент со највисок просечен успех од Стоматолошкиот факултет – Скопје, за учебната 2018/2019 година ја доби д-р Стефан Кузмановски, додека, за учебната 2019/2020 година ја доби д-р Кристина Терпо.
Наградите на студентите им ги врачи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а на чинот на свеченото доделување на наградите, покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, присуствуваа и проректорите на Универзитетот, генералниот секретар, претседателот на Универзитетскиот сенат и деканите на факултетите.


