Град Скопје и оваа година ја додели наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.
Добитник на наградата од областа на образованието и воспитанието е проф. д-р Бона Бајрактарова, пензиониран редовен професор на Стоматолошки факултет – Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Упатуваме искрени честитки до нашата професорка.