Доделени наградите на најдобро дипломираните студенти за учебната 2020/2021 година – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

На 19 мај 2022 година, пред платото на Ректоратот на УКИМ беа доделени наградите на најдобро дипломираните студенти за учебната 2020/2021 година, во рамките на свеченостите по повод одбележувањето на „24 Мај“ – патрониот ден на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Наградите на најдобрите студенти им ги врачи ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а на чинот на свеченото доделување на наградите, покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, присуствуваа и проректорите на Универзитетот, генералниот секретар, претседателот на Универзитетскиот сенат и деканите на факултетите.

Најдобро дипломиран студент во учебната 2020/2021 година од Стоматолошкиот факултет – Скопје е Мартина Андреевска.

По овој повод, упатуваме честитки до нашата колешка.