Доделена плакета на Стоматолошки факултет – Скопје за успешната соработка со ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 Ноември “- Скопје – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје
По повод 13 ноември, јубилеј на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 Ноември “- Скопје, која прослави 65 години од основањето, беше доделена плакета на Стоматолошки факултет – Скопје за успешната соработка.
Соработката помеѓу Факултетот и ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 Ноември “- Скопје ќе продолжи во иднина со нови проекти кои ќе имаат за цел унапредување на оралното здравје кај пациентите од третото доба.