Договори и меморандуми за соработка

Почетоците на меѓународната соработка на Стоматолошкиот факултет во Скопје несомнено е дека датираат од далечните шеесетти години на минатото столетие, во форма на помош што му беше обезбедена на новоформираниот Факултет во издигнувањето на наставните кадри. Низ аналите на историјата на Факултетот наоѓаме дека, речиси, сите основоположници на Факултетот оствариле студиски престои во центри надвор од матичната институција, како што се: Белград, Загреб, Љубљана, Софија, но и на универзитетите во Австрија, тогашна Западна и Источна Германија, Швајцарија, Франција и др. Денес, наставниот кадар и нивните соработници редовно учествуваат на меѓународни конгреси и остваруваат соработка за унапредување на наставните програми, а на научноистражувачки план, во истражувања за меѓународни научноистражувачки проекти. Соработката се остварува преку разнообразие на форми, а тука, освен студиските престои и научноистражувачката соработка, треба да се нагласи и соработката во публицистичката дејност и во работата на регионални стоматолошки асоцијации. Стоматолошкиот факултет како високообразовна институција и центар на едукацијата е насочен кон остварување на високообразовна научна, техничка и стручна соработка со странски високообразовни, научни, стоматолошки и други институции, како дел од грижата за унапредување на вкупниот образовен систем по стоматологија. Таа се остварува преку размена на кадри, покана на еминентни стручњаци од странство да ги пренесат сопствените искуства од стоматолошката наука и практика и, обратно, организирање разни видови на стручни манифестации со меѓународно учество, како: научни симпозиуми, семинари, курсеви и советувања. Оваа соработка е исклучително значајна, во услови кога од особен интерес на Факултетот е следење на светските трендови и достигнувања од областа на стоматологијата, проверени и прифатени во науката и практиката. Комуникацијата со институциите во странство Факултетот ја остварува самостојно или во рамките на меѓународната политика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Стоматолошкиот факултет, на линијата на интернационална комуникација, во агендата, има успешно организирани семинари на кои одржале предавања еминентни имиња од странство: Англија (проф. д-р Џон Николсон, д-р Никола Колеман од Универзитетот во Гринич, Хемија на биоматеријалите), Грција (Проф. д-р Космастолидис од Аристотеловиот Универзитет во Солун), Турција (проф. д-р Ферда Тасар, Хачетепе Универзитет, Стоматолошки факултет, Анкара), Србија (Стоматолошки факултет Белград: проф. д-р сци. Лилјана Јанковиќ; Медицински факултет, Стоматолошка клиника, Ниш: доц. д-р Никола Буриќ, ас. д-р Ана Пејчиќ), Словенија (Стоматолошки оддел при Медицинскиот факултет во Љубљана – проф. д-р Љубо Марион), Бугарија (проф. д-р Ангелина Киселова, Стоматолошки факултет, Софија), Хрватска (Стоматолошки факултет, Загреб: проф. д-р Дарко Мацан, проф. д-р Хрвоје Бркиќ и проф. д-р Зринка Тарле).

Договори за соработка

Година

Договор/ меморандум/ протокол

Институција/ Правно лице

Држава

Валидност

2006

Договор за меѓународна институционална соработка

Loma Linda University, School of Dentistry

California, U.S.A.

неопределено

2007

Договор за меѓународна соработка

Стоматолошки факултет во Загреб

Р. Хрватска

неопределено

2018

Договор за меѓународна соработка

Медицински факултет во Фоча при Универзитет во Источно Сараево

Босна и Херцеговина

неопределено

2018

Меморандум за соработка

Македонско стоматолошко друштво – МСД Скопје

Македонија

неопределено

2018

Меморандум за соработка

Интердентал ДООЕЛ Скопје

Македонија

неопределено

2018

Договор за меѓународна соработка

Медицински факултет при Универзитет во Ријека

Р. Хрватска

неопределено

2018

Договор за меѓународна соработка

Стоматолошки факултет Белград при Универзитет во Белград

Р.Србија

до 2023 година

2019

Меморандум за соработка

Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС

Македонија

неопределено

2019

Договор за соработка

Медицински факултет Ниш при Универзитетот во Ниш

Р. Србија

неопределено

2019

Договор за соработка

Универзитет во Љубљана Медицински факултет – Љубљана

Р. Словенија

неопределено

2020

Договор за соработка

Универзитет во Подгорица Медицински факултет – Подгорица

Р. Црна Гора

неопределено

2021

Договор за соработка

Универзитет во Осијек Медицински факултет- Осијек

Р. Хрватска

неопределено

2022

Меморандум за соработка

Црвен крст на Република Северна Македонија-Црвен крст на Град Скопје

Македонија

неопределено

2022

Меморандум за соработка

Промедика ДОО Скопје

Македонија

неопределено

2022

Меморандум за соработка

Општина Центар- Скопје

Македонија

неопределено

2023

Договор за соработка

Медицински универзитет во Тирана Стоматолошки факултет – Тирана

Р. Албанија

неопределено

2023

 Договор за меѓународна соработка

Универзитет привредна академија Нови Сад
Стоматолошки факултет Панчево


Р.Србија

неопределено

2023

Меморандум за соработка

 Општина Сопиште- Скопје

Македонија

неопределено

2023

Договор за соработка

Универзитет во Сараево –  Стоматолошки факултет и Стоматолошки клинички центар

Р.Босна и Херцеговина

до 2028 година

2025

Договор за меѓународна соработка

Факултет по медицина-Оддел за стоматологија

Универзитет во Приштина-Косовска Митровица

Косово

неопределено

 2025

Меморандум за соработка

Сојуз на здруженија на пензионерите на Македонија

Македонија

неопределено