Почитувани студенти,
На 07.06.2022 со почеток од 10:00 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во организација на УКИМ и THRIVITY. На отворениот настан за студентите, ќе учествуваат етаблирани компании од земјава и странство кои ќе имаат можност да ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.
Интерактивниот настан ќе трае осум часа, а програмата ќе биде исполнета со панел дискусии и кратки мотивациски обраќања кои ќе ги поттикнат, насочат и ќе им помогнат на студентите во нивниот иден кариерен развој.
Мотивациски говорници се:
- Оливер Хафербек – глобален сениор заменик претседател на Innovation AT und CEO Sensile Medical AG, Advanced Technology – Инспирација за вработување, глобална отвореност на пазарот на труд
- Дејан Ваневски – THRIVITY – Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите
- Проф. д-р Софија Георгиевска, Филозофски факултет, УКИМ – Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики
А темите на панелите се:
- Важноста на практикантството и подготовка за прво вработување на студентите
- Хибридни професии – новата реалност за младите и компаниите
Модератор на панелите е Огнен Јанески.
Со свои штандови на настанот ќе се претстават повеќе од 25 компании, меѓу кои: Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, НЛБ Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Gerresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Варус/Бионика, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил и British American Tobacco.
Покрај штандовите на компаниите, на самиот настан ќе има и претставници од Асоцијацијата на кариерни советници кои ќе им помогнат на студентите да изработат професионално CV и кои ќе се достапни за непосреден разговор и кариерно насочување.
За време на настанот за доброто расположение ќе се погрижат повеќе диџеи, а ќе бидат организирани и зони за забава и освежување.
Агенда на настанот
09:30 | Пристигнување на компаниите и нивно сместување |
10:00 | Пристигнување на студенти и други поканети гости |
10:30 | Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина |
Обраќање на ректорОбраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМОбраќање на претставник од THRIVITY | |
11:00 | Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови |
11:30 | Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на практиканството и подготовка за прво вработување на студентите) |
12:10 | Музички сет #1 |
12:30 | Мотивациски говор # 1 (COO Sensile Medical Switzerland: Инспирација за вработување – глобална отвореност на пазарот на труд Inspiration for employment – globally open labor market) |
13:00 | Панел дискусија #2 (Хибридни професии – новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници |
13:30 | Музички сет #2 |
14:30 | Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор |
14:45 | Музички сет #3 |
15:30 | Мотивациски говор #3 (Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики) проф. д-р Софија Георгиевска |
15:50 | Музички сет #4 |