Ден за кариерен развој – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје организираше ,,Ден за кариерен развој’’ на 7.6.2022 година, во Универзитетскиот кампус, каде студентите имаа можност да остварат контакт со повеќе компании за своето вработување, практикантство и кариерно насочување. Настанот беше организиран да овозможи доближување на компаниите до студентите и кариерен развој на идната интелектуална елита.

На овој настан учествуваа 28 етаблирани компании, кои преку презентирање на можностите на бизнис заедницата, учествуваа во насочување на младите личности и презентирање на можностите за нивно вработување и практикантство за време и по завршување на студиите.

Настанот претставуваше можност за доближување на компаниите до студентите и добивање на непосреден пристап до компаниите лидери на пазарот на труд. Со помош на асоцијацијата на кариерни советници, студентите имаа можност да изработат професионална биографија и да разговаараат за нивното кариерно насочување.

Агендата на настанот е достапна на следниот линк.