Ве покануваме на настанот „ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА УКИМ“ што оваа година ќе се одржи на 14 и 15 април на кампусот на техничките факултети на УКИМ.
Настанот е во организација на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје и Центарот за кариера на УКИМ, овојпат во соработка со БЕСТ (Бордот на Европски Студенти по Технологија – БЕСТ Скопје) по повод нивниот 20 годишен јубилеј, а со цел да ги доближиме компаниите до студентите, проширувајќи ги нивните кариерни можности. На овој настан, компаниите ќе имаат можност за остварување на директен контакт со студентите и презентирање на своите можности за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите, со што ќе ги мотивираме и поттикнеме студентите во нивниот понатамошен кариерен развој.
Во прилог е агендата за настанот.