Проф. д-р Емилија Левеска-Стефановска и ас. м-р Стефан Кузмановски гостуваа на Македонската радио телевизија на тема “Унапредување на оралното здравје кај граѓаните од трето доба”.
Во емисијата беше дискутирано за значењето на проектите реализирани од Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје со Црвениот крст на Република Северна Македонија како и со Сојузот на пензионерите на Македонија, а кои имаа за цел подобрувањето на оралното здравје на населението на нашта држава.
Со проектите се обезбедија бесплатни стоматолошки услуги на социјално загрозените граѓани и пензионерите од Град Скопје, но и редовни прегледи со цел рана дијагностика на оралните заболувања.
Во прилог линк од емисијата.