Деканот на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, проф. д-р Ќиро Ивановски, и претседателот на Факултетското студентско собрание на Стоматолошки факултет, Мартина Анастасовска, гостуваа во Утринската емисија на ТВ Телма, по повод Европскиот ден на пародонталното здравје.
По овој повод, наставниот кадар и студентите на Стоматолошки факултет – Скопје при УКИМ, организираа настан за значењето на парадонталното здравје и подигнувањето на свеста на населението за важноста на превенцијата и раната дијагноза на заболувањето, а со тоа и зголемување на успешноста на третманот. На настанот беше извршена обука на случајните минувачи за препознавање на раните симптоми и знаци на пародонталната болест и поделен промотивен материјал за правилно одржување на орална хигиена од нашите спонзори Curaprox, Lacalut и Medis.