ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА НАСТАНИ
ГАЛЕРИЈА НА НАСТАНИ
Предавање - соработка помеѓу Центарот за кариера и Интердент од Цеље
Проф. д-р Никола Ангелов
На 22.09.2025 година, во организација на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф. д-р Никола Ангелов, професор и раководител на Катедрата за пародонтологија и орална хигиена на Стоматолошкиот факултет во Хјустон, Тексас одржa предавање на тема: „Естетска рехабилитација на насмевката: Улогата на пародонтологот во третманот на гинrивалната експозиција“.
Проф. д-р Владимир Биочанин
На 27.10.2025 година, со почеток од 12 часот, во Амфитеатар 1, во организација на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, во рамките на програмата за мобилност на наставен кадар ERASMUS +, Проф. д-р Владимир Биочанин, DDM, DDS, PhD, Декан и редовен професор по орална хирургија и имплантологија на Стоматолошкиот факултет во Панчево, при Универзитетот за Бизнис академија во Нови Сад одржа предавање на тема: „Како да се избере најсоодветен дентален имплант?“.
Проф. д-р Данијела Маровиќ
Наслов на предавањето: СВЕТЛОСНИ ИЗВОРИ ЗА ПОЛИМЕРИЗАЦИЈА: ПРИНЦИПИ И КЛИНИЧКИ ИМПЛИКАЦИИ
СИМПОЗИУМ СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО
На 7.3.2026 година, во просториите на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, се одржа симпозиум со наслов ”МЕТОДИ И ТЕХНОЛОГИИ ВО СОВРЕМЕНАТА СТОМАТОЛОГИЈАТА”
