Втора летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

План и програма за Втората летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина


Во рамките на Втората летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина ќе се одржат 16 работилници од различни области на стоматологијата.

Терминот, местото, бројот на учесници, износот на котизација за учество и за кого е наменета работилницата е прикажано во
табелата👇.


Пријава за учество на Втората летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина

Пријавувањето за учество на Втората летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина е отворено.
Пријавувањето можете да го направите најдоцна до 10.8.2021 година со пополнување на пријавата.


На пријавените кандидати, на 11.8.2021 година (среда), на електронската адреса наведена во пријавата, ќе им биде доставено известување за прифатено учество на модулот/работилницата. Само учесниците на кои ќе им стигне ова известување ќе треба да извршат уплата на име котизација за учество на модулот/работилницата.

Со цел соодветна организација на модулите/работилниците а поради ограничениот број на учесници, уплатата се врши до 14.8.2021 на ПОС терминалот поставен на студентски прашања или на следната жиро сметка: Назив и седиште: УКИМ – Стоматолошки факултет – Скопје, Банка на примач: НБРМ, трансакциска сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник – 160011048078819, приходна шифра и програма 723019 41. Во цел на дознака се наведува модулот односно модулите и/или работилницата/работилниците на која/кои се пријавувате.

За работилниците на кои ќе има пријавено поголем број на учесници од предвиденото, доколку постои можност, освен дадениот термин ќе се определи и термин за дополнително одржување на истата работилница. Селекцијата на учесниците ќе се врши според редоследот на пријави.
Право на учество имаат студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина од нашата земја и од странство.