Визитинг професор – проф. д-р Иван Алајбег – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

На 14.12.2023 во Амфитеатар 1 на Стоматолошки факултет – Скопје, со почеток во 10:30ч.,  проф. д-р Иван Алајбег од Универзитет во Загреб, Стоматолошки факултет Загреб, ќе одржи предавање со наслов: ,,Кортикостероиди во лекувањето на оралните заболувања (фармаколошки ефекти, индикации за употреба во оралната медицина, форми и методи на администрација, мерки на претпазливост, несакани ефекти, клинички аспекти и совети)”.

Предавањето е наменето за студенти, специјализанти и докторанди на Стоматолошкиот факултет – Скопје.