ВИДЕО: Правилна употреба на лична заштитна опрема во стоматолошката практика – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Катедрата за детска и превентивна стоматологија, под раководство на проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, изготви видео за правилна употреба на лична заштитна опрема во стоматолошката практика. Видео презентацијата е пред се наменета за студентите на Стоматолошкиот факултет – Скопје кои во склоп на практичната настава ќе изведуваат стоматолошки интервенции. Воедно, инструкциите дадени во видео презентацијата ќе бидат од полза за специјализантите како и за дипломираните доктори по дентална медицина.

Линк до видео: https://youtu.be/0kBUIvBNXmg