ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ONLINE ПОЛАГАЊЕ НА КОЛОКВИУМИ – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје
  1. Секој студент на денот на колоквиумот е потребно да се вклучи на закажаниот митинг на Teams поради прозивање на студентите. Митингот започнува пред почеток на тестот и трае до крајот на полагањето.
  2. Во точно одреденото време за почеток на тестот, во Assignments автоматски се појавува тестот. Доколку во рок од 1 минута не се појави тестот во Assignments, студентите е потребно да го известат професорот кој го води колоквиумот со цел да биде испратен линк во chat на митингот преку кој ќе може да се пристапи до тестот.
  3. Доколку се пристапува до тестот преку испратениот линк, тестот ќе се отвори на web browser и поради тоа секој студент задолжително е да се најави на office.com со студентскиот меил и лозинка. Најавата на гореспоменатата web страница е пожелно да се направи еден ден пред полагањето со цел да се избегне губење на дел од времето за полагање.
  4. Секој тест е со времетраење одредено од одговорниот професор. Во последната минута од полагањето, системот автоматски го исклучува тестот и со тоа завршува колоквиумот. Со цел да се избегнат одредени технички пропусти, им се советува на студентите да не чекаат до последната минута, туку да го завршат тестот 1 минута пред истекот на времето и да притиснат Submit, со тоа одговорите на тестот остануваат зачувани.
  5. Задолжително користење на кирилична поддршка при одговарање на прашањата, освен во случаи при потенцирана употреба на латинична поддршка.
  6. Секој студент е должен да обезбеди уред со функционални камера и микрофон. При прозивање на студентите, студентот е должен да ја вклучи камерата и микрофонот кои остануваат вклучени до крајот на полагањето. Камерата мора да биде поставена така што ќе се гледа целата глава на студентот, a секој исклучок ќе се смета за обид за прекршување на правилата и поништување на колоквиумот. Додека трае полагањето погледот треба да биде насочен исклучиво кон екранот.
  7. Студентите е потребно да ги превенираат сите технички проблеми кои би можеле да се појават при полагањето (стабилна интернет конекција, функционални камера и микрофон, претходна проверка на правилната позиционираност во однос на камерата).