Бесплатно учество на студентите од Стоматолошкиот факултет – Скопје на серија еднодневни курсеви во организација на Промедика – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Согласно склучениот Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје Стоматолошки факултет – Скопје и ПРОМЕДИКА стоматологија (PROMEDIKA dental), овозможено е бесплатно учество на студентите од Стоматолошкиот факултет – Скопје на серија еднодневни курсеви во организација на Промедика.
Право на учество имаат студентите кои ги имаат положено соодветните предмети кои соодветствуваат со курсот. Изборот на студентите ќе биде извршен од страна на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на УКИМ.
Рок за пријавување: 10.5.2023 година до 23.59 часот.
Линк за пријавување: https://forms.office.com/e/cyB7QNB6Pc
Курсеви:
1
.Еднодневен курс – Хируршко-протетски фази кај Ankylos C/X имплантниот систем – нова ера во современата стоматологија
-Проф. д-р Киро Папакоча
-Курсот ќе се одржи во Промедика Едукативен Центар, 3ти кат.
-Датум: 12.05.2023
-Време: 09 – 17h

2. Еднодневен курс – ProTaper – техника на машинско проширување на канали 🦷📢

-Д-р Методија Зероски

-Курсот ќе се одржи во Промедика Едукативен Центар.

– Датум: 13.05.2023

-Време: 09 – 16h

3. Композитни реставрации во горна фронтална регија

-Д-р Салем Јусиќ

-Курсот ќе се одржи во хотелот Doubletree by Hilton – Скопје, во соработка со Ivoclar.

-Датум: 12.05.2023

-Време: 13 – 19 h

4.Еднодневен курс – Еден материјал – многу решенија, Bulk Fill техники за постериорни реставрации
-Д-р Маја Петревска
– Курсот ќе се одржи во хотелот Doubletree by Hilton – Скопје, во соработка со Ivoclar.
– Датум: 12.05.2023 Време: 08 – 12 h