Бесплатно учество на двајца најдобри студенти на едукативниот настан на стоматолозите и забните техничари ,,Competence in ESTHETICS’’ – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Согласно склучениот Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје Стоматолошки факултет – Скопје и Промедика, овозможено е бесплатно учество на двајца најдобри студенти од Стоматолошкиот факултет – Скопје на едукативниот настан на стоматолозите и забните техничари ,,Competence in ESTHETICS’’ во организација на Промедика, кој ќе се одржи на 25.2.2023 во DoubleTree by Hilton во Скопје.

Доколку сакате да бидете дел од елитниот едукативен собир, поседувате страст, визија и иновативност, ова е идеална можност за проширување на вашите знаења и размена на искуства со врвни професионалци од областа на стоматологијата.

Право на учество имаат студентите кои имаат запишано XII семестар во учебната 2022/23 година. Изборот на студентите ќе биде извршен од страна на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје, според остварениот просечен успех во досегашното студирање.

Линк за пријавување: https://forms.office.com/e/mjenQBGxzJ

Рок за пријавување: 20.2.2023 година