ас. д-р Бојан Попоски – Биографија – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

ас. д-р Бојан Попоски

Ас. д-р Бојан Попоски е асистент на Катедрата за болести на устата и пародонтот при Стоматолошки факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

На Стоматолошки факултет – Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, дипломирал во 2019 година со просечен успех 9,43. Во 2022 година го одбранил магистерскиот труд, на Катедрата за болести на устата и пародонтот, со наслов: „Определување на морфолошките карактеристики на браздите на усните на населението на Република Северна Македонија со хеилоскопија”, со што ги завршил студиите од втор циклус, со среден успех 10,00, и се стекнал со звањето: магистер на стоматолошки науки. Првото вработување на ас. д-р Бојан Попоски е во 2022 година, на Катедрата за болести на устата и пародонтот при Стоматолошки факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје. 

Тој е автор на повеќе трудови од областите орална медицина и пародонтологија. Интересот за научноистражувачка работа кај ас. д-р Бојан Попоски започнал уште во втората година од додипломските студии, односно во 2016 година, при што тој зел активно учество на Интернационалниот стоматолошки студентски конгрес со студентска тема од Катедрата за болести на устата и пародонтот, со наслов: „Влијание на психичкиот стрес врз активноста на саливарната амилаза”, а продолжил во 2017 година со студентска тема од Катедрата за болести на устата и пародонтот, со наслов: „Саливарни маркери кај пациенти со ХБИ”, и во 2018 година со студентска тема од истата Катедра, со наслов: „Прогностички и дијагностички маркери на пародонталната болест”, при што сите три теми се наградени.

Ас. д-р Попоски своите стручни и научни интереси ги насочил кон проблематиката од областа на оралната медицина и патологија, оралната биохемија и форензичката стоматологија. Особено поле на интерес му претставува употребата на плунката и саливарните биомаркери за дијагностички и прогностички цели. Дополнително, на ас. д-р Попоски, предмет на научен и апликативен интерес му претставува превенцијата на оралниот карцином преку превенција и рана дијагноза на оралните потенцијално малигни заболувања.

Во текот на целото траење на додипломските студии, д-р Попоски бил член на Студентскиот парламент на Стоматолошкиот факултет, а потоа, за време на вториот циклус на студии, бил член и на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет. Во текот на додипломските студии бил член и на Наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет во Скопје, како претставник на студентите.

Бил член на Организациониот комитет на Интернационалниот стоматолошки студентски конгрес во периодот од 2016 до 2019, како и во 2022 година. Исто така, членувал во Организациониот комитет на Втората и Третата летна школа за студенти по дентална медицина и млади доктори. Бил дел од Организациониот комитет на Симпозиумот за студенти по медицина, стоматологија и млади доктори по дентална медицина, со наслов: ,,COVID-19: Што научивме и колку сме спремни?”, во соработка со EMSA Македонија. Активно учестувал во едукативните и превентивните програми спроведени во рамките на Светскиот Ден на Оралното Здравје (2016-2022). Учесник е во проектот на Стоматолошкиот факултет во Скопје, во соработка со Град Скопје, со наслов: „Унапредување на оралното здравје кај граѓани од социјално ранливи категории”.