Центар за кариера, Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје
Активно учество на студентите од Стоматолошкиот факултет, заедно со специјализантите и наставниот кадар од Катедрата за детска и превентивна стоматологија на настанот ,, Гуш и бац е љубов ’’ организиран од Здружението Аутизам МК, кој се одржа на 11.05.2025 пред Школка во Градскиот парк – Скопје.
Настанот беше извонредна можност за запознавање на лицата со атипичен развој и попреченост со основните концепти за одржување на орална хигиена, преку повеќе едукативни содржини, поддржувајќи ја идејата за различност и нивно поголемо прифаќање и имплементирање во секојдневниот живот.
На овој хуманитарен настан беше промовиран и првиот компјутерски контролиран систем за локална анестезија во стоматологијата ,,STA – Системот за анестезија’’, кој е поволен за деца коишто не соработуваат и лица со попреченост, обезбедувајќи безболна анестезија, без ризик од оштетување на ткивото и без несакани ефекти.
Едукативниот настан беше организиран во соработка на Центарот за кариера, Стоматолошки факултет, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје и компанијата Curaprox Македонија (ИНТЕРДЕНТАЛ ДООЕЛ).