Најава за работилници / курсеви – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉Во зимскиот семестар од учебната 2021/22 година ќе се организираат 16 работилници / курсеви од различни области на стоматологијата кои, пред се, се наменети за специјализантите на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.

👉Следете не на веб страната и социјалните мрежи и дознајте за термините на одржување и начинот на пријавување на едукативните настани.


👉На 12.11.2021 година, проф. д-р Анета Атанасовска Стојановска од Катедрата за болести на устата и пародонтот ќе одржи работилница на тема ,,Клиничко продолжување на коронка (Crown lengthening) во склад со биолошки особености на забните ткива – евалуација, проценка и хируршки протокол”.
👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 5.11.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/i5Jdvym36k


👉На 15.11.2021 година, проф. д-р Александар Димков од Катедрата за детска и превентивна стоматологија ќе одржи работилница на тема ,,Ендодонтски третман на млечни и млади трајни заби”.
👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 8.11.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/NH1n19y2i9


На 23.11.2021 година, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска од Катедрата за детска и превентивна стоматологија ќе одржи работилница на тема ,,Хистолошка техника за изработка на антериорни реставрации”.

👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до утре, 19.11.2021 година на следниот линк:
https://forms.office.com/r/AdzcpKG6kE


👉На 26.11.2021 година, проф. д-р Анета Атанасовска Стојановска од Катедрата за болести на устата и пародонтот ќе одржи работилница на тема ,,Третман на инфракоскени пародонтални џебови со биоматеријали”.👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 19.11.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/d6NANL9nHk


👉На 30.11.2021 година, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска од Катедрата за детска и превентивна стоматологија ќе одржи работилница на тема ,,Постериорни реставрации со посебен осврт на bulk-техника”

👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 19.11.2021 година на следниот линк:https://forms.office.com/r/hi3Da4S7YH


👉На 3.12.2021 година, проф. д-р Марина Ефтимоска од Катедрата за болести на забите и ендодонтот ќе одржи работилница на тема ,,Реципрочна и ротирачка машинска обработка на каналите – две страни од иста монета”.👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 15.11.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/N7X8P0QT78


👉На 3.12.2021 година, проф. д-р Марија Пеева Петреска, проф. д-р Даниела Велеска Стевковска и проф. д-р Едвард Јанев од Катедрата за имплантологија ќе одржат работилница на тема ,,Препарација на имплантно лежиште: хируршки принципи”.
👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 26.11.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/gC3zvHyy0z


👉На 9.12.2021 година, проф. д-р Мери Павлевска, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска и проф. д-р Мира Јанкуловска од Катедрата за детска и превентивна стоматологија ќе одржат работилница на тема ,,Изработка на жичано-композитна имобилизација при луксациони повреди на забите”.
👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 2.12.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/EvRpbW572j


👉На 11.12.2021 година, проф. д-р Лидија Кануркова од Катедрата за ортодонција ќе одржи работилница на тема ,,Проценка на морфолошко-функционалните варијации на ортодонтските малоклузии и одредување на планот на третманот преку приказ на случаи”.👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 3.12.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/L3XSqTrVrK


👉На 15.12.2021 година, проф. д-р Мирјана Поповска од Катедрата за болести на устата и пародонот ќе одржи работилница на тема ,,Лезии во устата – дилеми и решенија”.
👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 7.12.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/Gu3dKgUDbm


👉На 17.12.2021 година, проф. д-р Анета Атанасовска Стојановска од Катедрата за болести на устата и пародонтот ќе одржи работилница на тема ,,Етиологија и мукогингивален хируршки пристап во третманот на гингивалните рецесии”.👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 6.12.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/2kPrsUPG4V


👉На 24.12.2021 година, проф. д-р Наташа Тошеска – Спасова и проф. д-р Билјана Џипунова од Катедрата за ортодонција ќе одржат работилница на тема ,,Интерпретација на дијагностичките параметри и план на терапија преку приказ на случаи со разни ортодонтски аномалии – интерактивно учество”.
👉Заинтересираните учесници е потребно да се пријават најдоцна до 17.12.2021 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/ZQdcm3D2S8