Важни информации за запишување на студенти на прв циклус во учебната 2022/2023 година – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

1. пријава за запишување (образец А1);

2. електронска пријава(од iKnow-системот);

3. оригинални свидетелства од сите класови;

4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);

5. извод од матичната книга на родените;

6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение);

7. потврда за уплатa: Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00); Упатството за плаќање на административна такса е достапно на линкот.

8. потврда за уплатa: Надомест за упис во износ од 300 денари на жиро-сметката на факултетот, назив на примачот Стоматолошки факултет во Скопје, Банка НБРМ, трансакциска сметка 100000000063095, сметка на корисник 160011048078819 приходна шифра 723019-41.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта upisi-stomf@ukim.edu.mk. Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Со цел олеснување на процесот за регистрација и најава на www.upisi.ukim.mk, достапно е Упатство за начинот на пополнување на електронска пријава за запишување на Стоматолошкиот факултет – Скопје.