Библиотека – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Записите од минатото сведочат дека Библиотеката на Стоматолошкиот факултет во Скопје е формирана во 1977 година, а проф. д-р Љупка Матовска, тогаш асистент, е првиот втемелувач на активностите насочени кон добивање достапна литература потребна за едукација на кадрите. Библиотеката на Медицинскиот факултет отстапува на трајно користење книги кои го формираат првиот книжевен фонд на новоформираната база на Стоматолошкиот факултет. Покрај самостојната набавка на нови книги и списанија, со сесрдна помош на разни институции (Францускиот културен центар во Скопје, Американскиот културен центар во Скопје, Матицата на иселениците, Светската стоматолошка федерација(FDI) и донации на корисниците, како и алумните, бибилиотечниот капацитет се зголемуваше. Свој печат на библиотечната дејност остави долгогодишниот библиотекар, Лидија Трајковска, која учествуваше во организирањето и работењето на Библиотеката, но и во научно-истражувачката работа, сесрдно помагајќи им на наставно-научните работници во литературните пребарувања во времето кога библиотечниот фонд беше доминантен извор на податоци. Во трајно
наследство на Факултетот остануваат и монографиите по повод јубилејните годишнини, библиографиите, во кои активно беше вклучена, заедно со уредништвото. За одбележување е и збогатувањето на опусот на неопходна литература за студиите на Стоматолошкиот факултет од проектот „Превод на 1.050 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните универзитети“,
реализиран од Владата на Република Северна Македонија во периодот 2008 – 2017 година. Денес Библиотеката е повторно во просторот на ЈЗУ Стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон‘‘, и е секојдневно достапна за корисниците како место каде што можат да побараат дел од публикациите од библиотечниот фонд, како материјал за користење или како зајмување на дел од библиотечниот фонд отворен за надворешно користење.

Дел од активностите во библиотеката

Во чекор со новото време, се прави напор за оформување на е-библиотека, достапна на веб-страницата на Факултетот, па во таа насока веќе се достапни публикациите од типот на хабилитациони, магистерски и докторски трудови одбранети на Стоматолошкиот факултет, преглед на учебници и учебни помагала, практикуми, атласи, речници и монографии, како и Македонскиот стоматолошки преглед и ризницата на трудови.

Особено значајно за наставниот процес е достапноста на дел од учебниците и учебните помагала, пакети на материјали, форматирани во електронска форма со слободен и бесплатен пристап.
Придобивка за наставно-научниот кадар на Факултетот е пристапот до базата Hinari, од октомври 2019 година, што им оовозможува преку достапните компјутери во Библиотеката, пребарување и продлабочување на знаењето со современи податоци од литаратурата, но и поттик за нови истражувања. Не помалку значајно е и тоа што и студентите на сите студиски програми на
Факултетот имаат можност во просториите на Библиотеката, на 6-те компјутери, да се приклучат на истата база користејќи ја во својата едукација.