II циклус (магистерски студии) Општо

Студиската програма за II циклус студии по стоматологија нуди можност да се продолжи процесот на едукација во нашиот образовен систем на дипломираните доктори по дентална медицина.

Студиската програма за II циклус студии по стоматологија  е во времетраење од два семестри или една година.

Во секој семестар студентот може да освои 30 ЕКТС кредити, односно вкупно 60 и по одбрана на магистерскиот труд да се стекне со звање магистер по стоматологија, област – (областа ќе биде наведена од избраната потпрограма).

Програмата нуди можност студентот да избере модул или потпрограма каде ќе го насочи својот интерес во потесно специјализирани предметни програми со дадена можност истите да се избираат. Предвидени се девет потпрограми од следниве области:

  • ортодонција,
  • орална хирургија,
  • детска стоматологија,
  • превентивна стоматологија,
  • стоматолошка протетика,
  • дентална патологија,
  • пародонтологија,
  • орална патологија,
  • максилофацијална хирургија.

 

На магистерските студии можат да се запишат:

  • дипломирани доктори по стоматологија кои студиите ги завршиле пред воведување на Европскиот кредит транфер систем – домашни државјани,
  • дипломирани доктори по дентална медицина кои студиите ги завршиле по воведување на европскиот кредит транфер систем и се стекнале со 300 кредити со завршување на студиите – домашни државјани,
  • странски државјани кои студиите ги завршиле на некој од стоматолошките факултети во странство, но кои претходно го завршиле процесот на признавање на дипломата, односно ја нострифицирале дипломата пред надлежното министерство.

 

Општи компетенции со кои се стекнува студентот по завршување на студиите:

  • соодветно познавање на науките на кои се базира стоматологијата и добро разбирање на научните методи, вклучувајќи ги и принципите за одредување на биолошките функции, евалуација на научно докажаните факти и анализа на податоците,
  • соодветно научно познавање на конституцијата, физиологијата и однесувањето на здрави и заболени индивидуи, како и влијанието на природната и социјалната околина врз здравствената состојба на човекот,
  • соодветно понавање на структурата и функцијата на забите, устата, вилиците и останатите орални ткива и нивната релација со општата здравствена состојба и со физичката и социјална благосостојба на пациентот,
  • соодветно познавање на методите за превенција, дијагноза и третман на аномалиите, болести на забите, на устата, вилиците и останатите орални ткива.

 

Специфични компетенции со кои се стекнува студентот по завршување на студиите:

  • методите на научноистражувачка работа,
  • владеење на методите за пребарување и консултирање на стручна, домашна и странска литература,
  • тековни технологии и достигнувања во современата стоматологија,
  • иницирање, имплементирање и евалуација на научно-истражувачки проекти од областа на оралното здравје, заболувањата во орофацијалната регија и нивната поврзаност со општото здравје,
  • примена на тимска работа и интердисциплинарен пристап во секојдневната пракса, се со цел унапредување и зачувување на оралното и општото здравје на секој поединец,
  • собирање на податоци од рутинската пракса кои можат научно да се обработат,
  • научно-истражувачка и педагошка работа.

 

По завршување на студиите студентот се стекува со академски назив магистер по стоматологија, област – (областа ќе биде наведена од избраната потпрограма).

 

Утврден сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети, со листа на задолжи­телни предмети, листа на изборни предмети и дефиниран начин на избор на предметите

 

Студиската програма содржи задолжителни и изборни наставни предмети. Задолжителните наставни предмети се од соодветната научна област и нивното учество е 60% од бројот на предметите.

Остатокот од студиската програма ги сочинуваат 30% изборни наставни предмети коишто студентите самостојно ги избираат од редот на изборните наставни предмети застапени на Факултетот, а предвидени со потпрограмите и 10% изборни наставни предмети коишто студентите самостојно ги избираат од листа на слободни изборни предмети предложена од секоја единица на универзитетот посебно.

Студиската програма предвидува вкупно 10 предмети. Од тие, задолжитени предмети се 5 кои се општи и се задолжителни за секоја потпрограма.

Шестиот задолжителен предмет е предвиден со потпрограмата за која се изјаснува студентот.

Вкупно задолжителни предмети се 6.

Од листата на изборни предмети определени со секоја потпрограма студентот е задолжен да избере минимум еден кој припаѓа на потпрограмата од областа за која се определил.

Преостанатите два изборни предмети студентот може да ги бира од било која потпрограма, но кои што треба да бидат содржински поврзани со изборот на магистерската тема.

Изборни предмети се вкупно 3.

Преостанатите 10%, т.е. еден предмет студентот го бира од Универзитетската листа на слободни изборни предмети.

 

Целиот елаборат на студиската програма може да го преземете тука.