Едукативна работилница во градинката ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин клон Панорама. – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје, во соработка со Општина Центар, реализираше работилница за подигнување на свеста за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана во градинката ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин клон Панорама.

👉 Дечињата добија подароци (боенка, четкичка и паста) од нашиот партнер Интердентал ДООЕЛ Скопје.