Работилница: Постериорни реставрации со посебен осврт на bulk-техника – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉 Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, одржа работилница со наслов: ,,Постериорни реставрации со посебен осврт на bulk-техника”.

👉Во теоретскиот дел се дискутираше за димензионалните промени на композитните смоли – појавата позната како полимеризациона контракција, како и полимеризациониот стрес кој таа го генерира. Покрај тоа, беше образложена и употребата на ,,bulk-fill” композитните материјали во надминувањето на овој проблем.

👉Во практичниот дел беше демонстрирана методата на изработка на постериорни директни композитни реставрации, како и користење на bulk-fill композитни смоли, а потоа и учесниците изработија реставрации на работни модели.