Преглед на наставен план на подипломски студии за магистри од различни области на стоматологијата во учебната 1973/74

Во учебната 1972/74 е усвоен првиот наставен план на подипломски студии за магистри од различни области на стоматологијата. Првите студенти на магистерски студии со редовна настава започна во учебната 1973/74 година. Во оваа настава беа застапени следните области: болести на устата, дентална патологија и терапија, орална хирургија, мобилна протетика, фиксна протетика, детска и превентивна стоматологија, ортодонција и максилофацијална хирургија.

Магистерските студии траеле четири семестри. Првите два семестра се одржуваат во заедница со Медицинскиот факултет, а третиот семестар наставата се одржува од стоматолошките области која ја избрал кандидатот. Четвртиот семестар е определен за изработка на магистерскиот труд.

 

I семестар

Ред. бр. Предмет Број на часови
1 Увод во методологија на научноистражувачка работа 15
2 Медицинска научна документација и информатика 10
3 Медицинска статистика 20
4 Кибернетика 10
5 Хемиски основи на научното испитување и методики 10
6 Физиолошки основи на научното испитување и методики 10
7 Основи на марксизмот со методи на испитување на природните и социјалните појави 10
8 Медицинската наука во ОНО 5

 

II семестар

Основи на научното испитување и методики II Број на часови
1 Морфолошки 10
2 Микробиолошки 10
3 Епидемиолошки 10
4 Клинички 15
5 Патофизиолошки 10
6 Фармаколошки 10
7 Примена на радиоизотопи во НИР 10
8 Молекуларна биологија со хѕмана генетика и цитогенетика 20

 

III семестар

Според посебна програма за кандидатите од одделните области на стоматологијата се организира настава со вкупно 100 часа од кои 50 часа теоретска и 50 часа практична настава.

 

IV семестар

Изработка на магисерски труд