Општо

Студиската програма за стоматолошки науки од втор циклус на академски (магистерски) студии е со траење од 3 семестри. Вкупниот број на кредити кои студентот ги освојува со положување на сите предмети и одбраната на магистерскиот труд  изнесува 90 ЕКТС.

Студиската програма е структурирана од задолжителни, изборни предмети и изработка и одбрана на завршен магистерски труд. Изборните предмети се од различни области на стоматологијата и студентот ги избира во зависност од афинитетот и од темата која ќе ја работи во магистерскиот труд.

Во првиот семестар студентите имаат 4 задолжителни предмети со кои се здобиваат со вкупно 30 ЕКТС.

Во вториот семестар, има два задолжителни предмети со кои се здобиваат со 15 ЕКТС, додека пак 15 ЕКТС добиваат со избор и положување на 3 предмети од листатата на сите понудени предмети. Избраните предмети треба да  бидат поврзани со темата која студентот ќе ја обработува во магистерскиот труд.

Останатите 30 ЕКТС, студентите ги добиваат со изработка и одбрана на завршниот магистерски труд. Овој труд јавно го бранат по положување на сите предмети.

Со завршување на студиската програма, студентот се стекнува со академски назив: магистер на стоматолошки науки (анг. master of dental science)

Решенија за акредитација и почеток со работа (ДМ магистерски 2021год.)