Катедра за стоматолошка протетика

Историјат на катедрата

Катедрата за стоматолошка протетика за прв пат е формирана во учебната 1960/61 год., при Институтот за стоматологија на Медицинскиот факултет во Скопје. Опфаќала два предмети-претклиничка и клиничка протетика сé до 1975 година, кога поради наставните содржини настанува поделба на четири предмети (претклиничка фиксна протетика, претклиничка мобилна протетика, клиничка фиксна протетика и клиничка мобилна протетика). Во 1999 година настанува поделба на Клиниката за стоматолошка протетика од Катедрата која како самостојна единица ги извршува активностите од теоретската и практична настава од областа на стоматолошка протетика – фиксна и мобилна протетика, како претклиничка и клиничка дејност.

Првиот наставник по предеметот Дентална протетика бил д-р Димитар Железаров, кој бил избран во 1962 год, и преставува автор на првите учебни помагала од областа на стоматолошката протетика. Во 1962 год. му се придружува д-р Ѓорѓи Симов, д-р Марко Фиљански, а потоа д-р Ефтим Мирчев, д-р Владимир Силјановски, д-р Стојан Петровски и д-р Васил Галев. Прв раководител на Катедрата за фиксна стоматолошка протетика и управник на истоимената клиника бил д-р Ѓорѓи Симов, а по него истата функција ја обавувал  д-р Ефтим Мирчев.

Прв управник на Катедрата по мобилна стоматолошка протетика бил проф. д-р Марко Фиљански, потоа проф д-р Игнатие Богдановски, а од 1996-1999 година, проф. д-р Драгољуб Велески. Од  1999 година раководител на Катедрата по мобилна стоматолошка протетика бил проф. д-р Крсте Дејановски. После повторното спојувањето на Катедрите за фиксна и мобилна стоматолошка протетика во една Катедра за стоматолошка протетика, за раководители биле избрани проф. д-р Ерол Шабанов, проф. д-р Елена Петкова и проф. д-р Јагода Бајевска. Денес, раководител на Катедрата по стоматолошка протетика е проф. д-р Весна Коруноска – Стевковска.

Наставно-научна и здраствена дејност

Од 1975 год. после изградбата на сегашната зграда на Клиниката за стоматологија, Катедрата за стоматолошка протетика својата теоретска и практична настава ја изведува на Клиниката за стоматолошка протетика која располага со современа опрема и простории: 2 клинички сали (фиксна и мобилна сала) опремени со 10 работни места за одвивање на клиничката настава, 2 претклинички сали опремени со 10 места со фантом студио модели за одвивање на претклиничка настава и Едукативен центар со забна техника целосно опремен за одвивање на наставата на додипломските студии за стручни забни техничари. Во состав на клиничката дејност успешно работат и две заботехнички лаборатории за мобилна и фиксна протетика, како и кабинетот за CAD-CAM (за изработка на најсовремени титаниумски и целосно керамички и циркониумски конструкции).

Од 2003 год. катедрата својата настава ја изведува според ЕКТС (европскиот кредит трансфер систем), со што се создаваат услови за поквалитетна едукација и пообјективно оценување, како и унифицирање на знаењата со високообразовните системи од земјите на Европска Унија.

На катедрата денес со нашиот кадар на искусни и високо стручни и едуцирани професори, научни соработници и асистенти се одвива додипломска настава за доктори по дентална медицина, а од 2002 год. и за стручни забни техничари и стручни стоматолошки сестри. Исто така успешно се одвива и наставата на последипломските студии, студиите од трет циклус, како и специјалистичките и субспецијалистички студии.

Наставен кадар на Катедрата

Во реализација на наставата учествуваат 9 професори, 1 доцент, 6 научни соработници и 11 асистенти.

Раководител на катедрата – проф. д-р Весна Коруноска Стевковска

Наставници и соработници:

Весна Коруноска СтевковскаРедовен професор
Јагода БајевскаРедовен професор
Евдокија ЈанкуловскаРедовен професор
Љубен ГугувчевскиРедовен професор
Никола ГиговскиРедовен професор
Билјана КапушевскаРедовен професор
Јадранка БундевскаРедовен професор
Гордана КовачевскаВонреден професор
Јулијана НиколовскаВонреден професор
Сашо ЕленчевскиВонреден професор
Сашо ЈовановскиНаучен соработник
Сања ПанчевскаНаучен соработник
Емилија Бајрактарова ВаљаковаНаучен соработник
Анета МијоскаНаучен соработник
Наташа СтавреваНаучен соработник
Благоја ДаштевскиНаучен соработник
Светлана Гачева ЦветковаАсистент
Драган ПетровскиАсистент
Игор СтоевАсистент
Андреја ЈовановскиАсистент
Марјан ПетковАсистент
Весна Јуруковска ШотаровскаАсистент
Сашко БогдановскиАсистент
Атанас ШуковАсистент
Анета АнгеловскаАсистент
Надица ЈаневаАсистент
Соња ПетковаАсистент