ОПШТ ДЕЛ ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА СТРУЧНА СТОМАТОЛОШКА СЕСТРА-ОХ I ЦИКЛУС НА СТУДИИ 2026-27
By in
33

Целта на оваа студиска програма е едукација на компетентен професионалец: дипломирана стручна стоматолошка сестра-орален хигиенолог, способен да ги следи и примени современите достигнувања во струката и науката, да ги воочува научните проблеми, критички да размислува и да ги анализира добиените резулатати, да се изгради во одговорна личност со усвоен систем на вредности кои гарантираат успешна и високопрофесионална работа.

Стручните студии   по стоматологија за стоматолошки сестри-орални   хигиенолози, I циклус на студии ќе се се реализираат во текот на тригодишен курикулум (6 семестри) со вкупен број на 180 кредити. Наставата по сите предметни програми ќе се изведува преку теоретска, практична настава, семинари и клиничка пракса. Студиската програма е конципирана во согласност со европскиот систем на пренесување на бодови.

Факултетот дејноста ја врши на наставните бази и тоа на претклиниките и клиниките  во состав на ЈЗУ Универзитетски клинички центар „Св. Пантелејмон“  Скопје  и во состав на ЈЗУ Универзитетска клиника за максилофацијална хирургија.

Студиската  програма  е  структурирана  од  задолжителни  и  изборни  предмети. Вкупниот број  на предмети  изнесува  30  и  дипломската  работа.

Со  целосно  завршување  на  обврските  во  текот  на  студирањето,  посетување  на  настава, полагање на испити и одбрана на дипломска работа, студентот се стекнува со 180 кредити. По завршувањето на студиите, студентот се стекнува со стручен назив Висока стручна стоматолошка сестра-орален хигиенолог (анг. Bachelor of Applied Science Highly qualified dental asistent  – oral hygienist).

 

РЕШЕНИЈА:

Решение за акредитација ССС орални хигиенолози прв циклус студии

Решение за почеток со работа прв циклус ССС – ОХ

54321
(0 votes. Average 0 of 5)