Презентација на два истражувачки проекти: „Преваленца на ортодонтски малоклузии“ и „КЕП индекс кај детската популација“ по повод Месецот на науката на УКИМ
By in
7
Презентација на два истражувачки проекти: „Преваленца на ортодонтски малоклузии“ и „КЕП индекс кај детската популација“ по повод Месецот на науката на УКИМ

Во склоп на одбележувањето на „Месец на науката на УКИМ 2026“,насловен како Наука во движење, во Амфитеатар 1 на Стоматолошкиот факултет беше организиран научен настан на кој се презентираа резултати од завршени проекти финансирани од УКИМ и тоа од Катедрата за ортодонција и од Катедрата за детска и превентивна стоматологија. Целта на оваа серија настани е пошироко запознавање со резултатите од проектите кои Универзитетот Св. Кирил и Методиј ги финансира години наназад. Ова носи повеќекратни придобивки, како за афирмација на младите истражувачи така и за нивна заедничка соработка и размена на идеи помеѓу сите единици на УКИМ.

54321
(0 votes. Average 0 of 5)