Со гордост и восхит објавуваме дека група автори, наставници на Стоматолошки факултет-Скопје при УКИМ, по повод 82 годишнината од ослободувањето на Град Скопје, се носители на највисокото признание на градот, ПЛАКЕТАТА „13 НОЕМВРИ“ за највисоки достигнувања од здравствената заштита.
Плакетата беше врачена од Градоначалникот г-дин Орце Георгиевски, а во присаство на Деканот на Стоматолошкиот факултет Проф.д-р Соња Апостолска, на авторите на учебниците „Превентивна стоматологија“ и „Детска стоматологија“: Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, Проф. д-р Марија Стефановиќ, Проф. д-р Мира Јанкуловска, Проф. д-р Ана Сотировска Ивковска, Проф. д-р Златко Георгиев, Проф. д-р Александар Димков, Проф. д-р Мери Павлевска, Науч. сор. д-р. Олга Кокочева-Ивановска, Науч. сор. д-р. Ефка Жабокова Билбилова, Науч. сор. д-р. Весна АМбаркова, Науч. сор. д-р. Јасна Симоноска, Ас. д-р Христо Петановски.

