КОНКУРС за ангажирање студенти на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје Стоматолошки факултет – Скопје за потребите на стручната и административната служба на Факултетот – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Врз основа на Одлуката на Деканатската управа донесена на седницата одржана на 11.3.2021 година, Деканот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје Стоматолошки факултет – Скопје го објавува следниот 

КОНКУРС 

за ангажирање студенти на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје Стоматолошки факултет – Скопје за потребите на стручната и административната служба на Факултетот 

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје Стоматолошки факултет – Скопје распишува конкурс за избор на 2 студенти кои ќе бидат ангажирани за технички активности во стручната и административната служба на Факултетот во текот на учебната 2020/2021 и учебната 2021/22 година. 

Студентите кои ќе бидат ангажирани, а кои се запишани на втор циклус на студии, ќе бидат ослободени од плаќање на дел од школарината и тоа втора и трета рата од школарината.   

Услови 

На овој конкурс може да се пријават: 

  • редовни студенти запишани на втор циклус на студии на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје Стоматолошки факултет – Скопје, кои имаат редовен упис во учебната 2020/2021 година; 
  • студенти од семејства со пониски вкупни приходи и кои во текот на студиите од прв циклус оствариле просек од најмалку 8,00. 

Потребни документи: 

Заинтересираните студенти до архивата на Факултетот треба да достават: 

  • Пријава по објавениот конкурс за ангажирање во Стручната служба на Факултетот; 
  • Потврда за редовен студент која што се добива од службата за студентски прашања, без надоместок, за потребите на Конкурсот; 
  • Уверение од Управата за јавни приходи (УЈП), со кое се докажува материјалната состојба на семејството (незадолжително). 

Поднесувањето на потребните документи ќе може да се изврши секој работен ден, во Архивата на Факултетот, од денот на објавување на Конкурсот, а најдоцна заклучно со 18.3.2021 година. 

Избор 

Предност при изборот ќе имаат студентите кои имаат највисок остварен просек во текот на студиите од прв циклус на студии како и студентите кои имаат пониски вкупни приходи во семејството.   

Обем на ангажираност 

Студентите, за извршување на техничките активности за потребите на стручната и административната служба на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје Стоматолошки факултет ќе бидат ангажирани по најмалку 4 (четири) часа дневно.  

Дополнителни информации 

За дополнителни информации во врска со Конкурсот кандидатите ќе може да се обратат кај д-р спец. Влатко Коколански, на  e-mail: vkokolanski@stomfak.ukim.edu.mk 

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 

Стоматолошки факултет – Скопје