Јавен повик за соработка со заботехнички лаборатории – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Почитувани колеги,

Врз основа на заложбата за унапредување на здравствениот и образовниот систем, Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје иницира соработка помеѓу заботехничките лаборатории на територија на Република Северна Македонија.

Во рамките на оваа соработка се предвидува размена на искуства и знаења во насока на практикантска обука на студентите од студиската програма за стручни забни техничари од најстариот факултет од областа на стоматологијата во државата, преку продлабочување на  нивните практични вештини и искуства и проширување на кариерните можности.

Поттикнати од континуираниот интерес на студентите за современите трендови од областа на стоматолошката техника и потребите на пазарот, би сакале да Ве поканиме да учествувате во унапредување на квалитетот на профилот стручен забен техничар и неговата препознатливост на меѓународниот пазар на трудот. Сметаме дека практикантството е неопходно за оспособување, прилагодување и мотивирање на дипломците како чекор за прво вработување и кариерен развој.

Доколку сте во можност и имате желба да ги споделите вашите стручни практични вештини и да прифатите студенти практиканти во вашите заботехнички лаборатории, можете да се пријавите на следниов линк: https://forms.office.com/r/2wAa2AiA1X

Соработката со најстариот факултет од областа на стоматологијата во нашата држава, освен што ќе претставува добра основа за практично усовршување на иден кадар, подготвен за работа во заботехничка лабораторија, Вам ќе Ви овозможи и бесплатно учество на настаните од континуирана стоматолошка едукација во организација на Факултетот и идни активности во унапредување на професијата стручен забен техничар.

Со почит,

Проф. д-р Кристина Митиќ
Раководител на Центар за кариера на Стоматолошки факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј’’во Скопје

Контакт e-mail: kmitik@stomfak