Конечни ранг-листи – прв циклус – трет уписен рок – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Конкурсната комисија за прв циклус студии ги објави Решение за прием на кандидатите (конечни ранг – листи)  за запишување на Стоматолошки факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во трет уписен рок. Решение за прием на кандидатите (конечни ранг листи) се објавени на веб-сајтот на Факултетот и на огласната табла на Факултетот, а може да се преземат од линковите прикачени под соопштението.

СООПШТЕНИЕ

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ПО СИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 30.9.2022  ГОДИНА ОД 08:00 ДО 11:00 ЧАСОТ ВО СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА ПРИ СТОМАТОЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

КАНДИДАТИТЕ КОИ ЗАКЛУЧНО СО 30.9.2022 ДО 11:00 ЧАСОТ НЕ ДОЈДАТ ДА СЕ ЗАПИШАТ, ЌЕ СЕ СМЕТА ДЕКА СЕ ОТКАЖАЛЕ!

Потребни документи за запишување за сите студиски програми:

  1. Индекс со студентска легитимација
  2. Две фотографии со димензии 3,5 Х 4,5 и една со димензија 2 Х 3
  3. Пријавен лист (А1) за запишување на семестар со 50 денари таксена марка
  4. Уплатница за школарина, сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160011048078819 приходна шифра  723012-41 и рата од  100 евра (денарска противвредност) за студентите запишани во државна квота, односно 200 евра рата (денарска противвредност) за студенти запишани во квота со самофинансирање, курс на НБРМ.
  5. Уплата од 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студенти на УКИМ со назнака: ИКСА на УКИМ Стоматолошки факултет на сметка 100000000063095 депонент НБРМ, со сметка на буџетски корисник  1600103689 788 18 приходна шифра 723012-41.
  6. Уплата од 300 денари за солидарен фонд, назив на примачот Стоматолошки факултет во Скопје, Банка НБРМ, трансакциска сметка 100000000063095, сметка на корисник 160011048078819 приходна шифра 723019-41.

Конечни ранг листи:

Решение за прием – Конечна ранг листа 2022/2023 интегрирани-Интегрирани студии од прв и втор циклус по дентална медицина – Приватна квота (преземи)

Решение за прием – Конечна ранг листа 2022/2023-Стручни стоматолошки сестри-орални хигиенолози – Приватна квота (преземи)