КОНЕЧНИ РАНГ-ЛИСТИ – ВТОР ЦИКЛУС – ПРВ УПИСЕН РОК – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје Стоматолошки факултет – Скопје објави Решение за прием на кандидатите (конечни ранг – листи) за запишување на Стоматолошки факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на втор циклус на студии, во првиот уписен рок. Решение за прием на кандидатите (конечни ранг листи) се објавени на веб-сајтот на Факултетот и на огласната табла на Факултетот, а може да се преземат од линковите прикачени под соопштението.

Запишување на кандидатите ќе биде на 03.10.2022 и 04.10.2022 година од 08 :00-15:00 часот во студентска служба.

При запишување, примените кандидати потребно е да достават
-уверение или диплома за завршен прв циклус –оригинални
-куса биографија (CV)
-потврда за активно познавање на странски јазик
-потврда за уплата на административна такса во износ од 50 .00 денари (пп 50: назив на примачот: трезорска сметка –скопје банка на примачот нбрм, трансакциска сметка 100-0000000-630-95, уплатна сметка 840 –ххх-03161, конто 72231300
-индекс
-пријавен лист за запишување на семестар
-пријавен лист (А1)-за конкурирање за упис на втор циклус студии
-две фотографии (3,5х4,5)

-потврда за уплата на школарина за прв семестар на следнава сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник 160011048078819 приходна шифра 723012-41 во износ во зависност на која студиска програма се запишуваат и тоа:

  • за акaдемски магистерски студии во износ од 700 евра во денарска противредност,
  • за стручни студии за доктори по дентална медиција во износ од 950 евра во денарска противредност
  • за стручни специјалистички студии за забни техничари во износ од 950 евра во денарска противредност
Пример за пополнување на уплатница

Конечни ранг листи:

-Конечна ранг листа – II циклус-магистерски студии

-Конечна ранг листа II циклус-Стручни студии по дентална медицина

-Конечна ранг листа II циклус-Стручни студии за забни техничари-протетика