Известување за студенти запишани на втор циклус студии – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Се известуваат студентите запишани на втор циклус магистерски (академски) студии дека согласно студиската програма во третиот семестар, се пријавува и брани магистерскиот труд.

Напоменуваме дека доколку во истиот не е доставена пријава за изработка на магистерскиот труд до крајот на семестарот, истиот се презапишува, односно се презапишуваат 30 кредити, со што сте изложени на дополнителни финансиски трошоци за презапишување на истиот.

Поради тоа, се молат студентите навремено да ги исполнуваат своите обврски предвидени со студиската програма на која се запишани.

За сите потребни дополнителни информации контактирајте не на телефон следните телефони: 071/237-816 или 070/327-193.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА