Известување за започнување на настава во учбната 2022/23 година – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Се известуваат студентите дека теоретската настава за прв циклус на студии за сите студиски програми ќе започне од 3.10.2022 година, согласно распоредот за теоретска настава објавен на веб страната.

Практичната настава за студентите запишани на прв циклус на студии, ќе започне од 10.10.2022 година, согласно распоредот за практична настава кој ќе биде објавен во текот на следната недела.

Напомена: Практичната настава по предметот Медицинска хемија ќе започне на 5.10.2022 година според следниот распоред: од 1 до 8 група – во среда, 5.10.2022 од 16 до 18 часот во амфитеатар 2; од 9-16 група – во четврток, 6.10.2022 година од 15 до 17 часот, во амфитеатар 1.