Submission

Цели и намена

Македонскиот стоматолошки преглед како водечко, непрофитно, научно меѓународно и официјално списание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје Стоматолошки факултет Скопје и Македонското стоматолошко друштво, пружа релевантни информации од сите гранки на стоматологијата и максилофацијалната хириргија, коишто се во непосредна врска со оралното здравје и оралните заболувања. Со цел задржување на вака високо поставените стандарди, сите пријавени ракописи претходно се разгледуваат од страна на докажани стручњаци или искусни клиничари од различни области на стоматологијата. Секој ракопис треба да исполни одредени критериуми, во спротивно несоодветно приготвените ракописи се враќаат на авторот-ите.

 

Издавач

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје Стоматолошки факултет Скопје и Македонско стоматолошко друштво (МСД) Скопје

Мајка Тереза 17

1000 Скопје, Македонија

 

Упатство на авторите

Македонскиот стоматолошки преглед објавува трудови од областа на стоматологијата и максилофацијалната хирургија. Ракописите може да се пријавуваат во форма на сопствени погледи, оригинални или ревијални трудови, опис на клинички случаи, потоа терапевтски препораки, посебни трудови и писма до уредникот.

Ракописите треба да се подготвени според ова упатство на авторите, коешто е во склад со општите барања за ракописи, прифатени од биомедицинските издавачи, односно во склад со барањата од Медицинскиот комитет за медицински списанија (www.icmje.org). Трудовите коишто не се сообразени со меѓународните стандарди не се земаат во разгледување.

 

Ракописите може да се поднесуваат и директно до издавачот за издавање во електронска форма на следнава адреса:

msp@stomfak.edu.mk

Поднесените ракописи треба да бидат оригинални и да не се претходно делумно или целосно објавени. Сите доставени фотографии треба да се оригинални. Фотографиите земени од други публикации треба да се со дозвола за преземање од соодветниот издавач. Кога ракописот е прифатен за печатење авторот-ите ги пренесуваат сите свои авторски права ги пренесуваат на издавачот на Македонскиот стоматолошки преглед. МСП се придржува до принципите на Декларацијата од Хелсинки и се согласува сите испитувања коишто се однесуваат на хуманата популација се во врска со овие принципи. МСП се придржува, исто така и до меѓународните принципи за биомедицинските истажувања, коишто се изведуваат врз експериментални животни, а се во склад со упатствата на СЗО за испитувања изведени врз животни. Ако е неопходно авторите треба да докажат дека имаат и  дозвола од Етички комитет и дека пациентите опфатени во студијата се запознаени со испитувањата. Авторите се обврзуваат да достават изјава дека немаат било какви финансиски обврски кон некоја организација, којашто била вклучена во испитувањето, преку пополнување на соодветен формулар. Кон ракописот треба да се приложи и писмена изјава потпишана од авторите дека немаат никаков етички конфликт или конфликт на интерес: долупотпишаните автори ги пренесуваат авторските права на издавачот и се согласуваат трудот да биде објавен во МСП. Авторите потврдуваат дека трудот е оригинален, дека не е поднесен за објавување во друго списание и дека ниту еден негов дел или целина не се објавувани. Авторите потврдуваат дека добиените резултати се оригинални и сопствени, добиени и проверени од самите автори, дека авторите лично учевствувале во изработката и составувањето на ракописот и дека се согласуваат со неговата содржина. Во случај трудот да е изведен врз хумана популација, авторите треба да потврдат дека ги имаат сите согласности од Етичките комитети и дека испитуваните пациенти се известени и согласни за спроведување на истражувањето. Авторите, исто, потврдуваат дека објавезните резултати во студијата се во согласност со Хелсиншката декларација и меѓународните принципи коишто се однесуваат на испитувањата изведени врз животни. Авторите го известуваат издавачкиот совет на МСП за непостоење на конфликт на интереси што би можеле да произлезат од одредени финансиски обврски со фармацевтски или биомедицински компании чиишто производи се користат во приложениот ракопис.”

Авторите се согласни нивниот труд претходно да биде рецензиран. Сите ракописи претходно се рецензираат од страна на членови на издавачкиот совет коишто го задржуваат правото истиот да го одбијат, ако не е соодветна неговата структура или не се испочитувани етичките норми. Доколку ракописот биде прифатен, следи негово печатење. Ако е потребно да се направат одредени корекции во ракописот, коригираната верзија треба да се испрати во on-line форма до издавачкиот совет, со јасно нагласени и обележани делови. Ревидираната верзија на ракописот треба да се испрати повторно до издавачкиот совет со пропратно писмо во кое се дадени одговори на рецензентските забелешки.

Корекциите на тврдењата треба да се ограничени пред да се пристапи кон печатење: за сите промени во текстот известени се авторите. Корекциите треба да се направат во рок од три работни денови и потоа да се испратат on-line до издавачкиот совет на МСП. Во случај на задоцнување, членовите на издавачкиот совет на списанието може да пристапат кон корекции на забелешките во самиот ракопис.

За понатамошни информации во врска со термините за печатење, ве молиме, контактирајте го уредувачкиот одбор на МСП на следната адреса: ул. Мајка Тереза 17, 1000 Скопје, Република Македонија на следниот e-mail: msp@stomfak.ukim.edu.mk

 

Видови ракописи и упатства за подготовка на најчесто пријавуваните ракописи во МСП

Преписки со уредништвото: овие преписки се упатуваат до главниот уредник или до помошникот на главниот уредник, а се однесуваат на одредени ставови и мислења на некој читател, каде тој изразува лични видувања за одредена проблематика. Овие преписки не се поголеми од 1000 зборови (три страници со двојно напишан текст) и не повеќе од 15 референци.

Оригинални трудови: овој вид на ракопис се однесува на оригинални сознанија до кои дошол авторот. Текстот на овие ракописи треба да содржи 3000 до 5500 зборови и да е изложен на 8 до 16 страници со двоен проред без референци, табели и слики. Не треба да се цитираат повеќе од 50 референци. Ракописот мора да биде составен од следниве делови:   1. Вовед, 2. Материјал и методи, 3. Резултати, 4. Дискусија и 5. Заклучоци.

Во воведниот дел целта на студијата треба да е јасно назначена. Во делот материјали и методи на логичен начин треба да се објасни како е спроведено испитувањето, како се анализирани податоците (која хипотеза е тестирана, каков вид на испитување е применето, како се појавите подредени, како се испитаниците одбрани и испитани, прецизно да се одредат сите детаљи во третманот, кои статистички методи и сл.). Во делот каде се наведуваат резултатите треба да се одговорат сите прашања што се наведени во воведниот дел. Добиените резултати треба да се изнесат потполно, јасно и концизно, па ако е потребно да се поткрепат со слики, графикони и табели. Во делот означен како дискусија се сумираат добиените резултати, критички се анализираат користените методи, се споредуваат добиените резултати со други објавени податоци и се дискутираат импликациите од добиените резултати. Заклучоците треба на кратко да го сумираат значењето на студијата и нејзините идни импликации.

Ревијални трудови: овој тип на ракописи треба да се во врска со одредена актуелна состојба на некоја појава, истата да се анализира од различен аспект и да е поткрепена со најновите литературни сознанија. Текстот на овој труд треба да има од 6000 до 12000 зборови (17 до 34 страници со двоен проред) не вклучувајќи ги референците, табелите и сликите. Во трудот не треба да се цитираат повеќе од 100 референци.

Приказ на случаи: овие трудови опишуваат интересни случаи од практиката. Текстот би требало да се состои од 2000 до 3000 зборови (6 до 8 страници текст со двоен проред) без референци, табели и слики. Бројот на референци не треба да изнесува повеќе од 30.

Терапевтски забелешки: намената на овој тип ракописи е приказ и процена на нови стоматолошки и хируршки методи на третман. Текстот би требало да е изнесен во 3000 до 5500 зборови (8 до 16 страници со двоен проред) без референци, табели или слики. Трудот не треба да користи повеќе од 30 референци. Трудот би требало да е составен од следниве делови: 1. Вовед, 2. Материјали и методи, 3. Резултати, 4. Дискусија, 5. Заклучоци.

Специјални трудови: овие трудови се однесуваат на историјата на стоматологијата, забоздравствената заштита, етиката, економските правила и законските прописи коишто се однесуваат на стоматологијата. Текстот би требало да е изнесен на 3000 до 7000 зборови (8 до 12 страници со двоен проред) без референци, табели сили слики. Не треба да се цитираат повеќе од 50 референци.

Писма за уредникот: овие писма се однесуваат на трудовите објавени во МСП, или пак, обработуваат одредена интересна појава, која побудува интерес кај авторите, коишто сакаат своите опсервации да им ги предочат на читателите. Писмата треба да се составени од 500 до 1000 зборови (1 до 3 страници со двоен проред) без референци, табели, слики. Не треба да се цитираат повеќе од 5 референци.

Упатства: ова се документи напишани од одредени стоматолошки здрузенија или авторитетни извори. Бројот на слики и табели треба да соодветсствува со содржината на упатството.

 

Подготовка на ракописите

Текст документ

Ракописите мора да се подготвени според типот каде се сврстуваат (преписки со уредништвото, оригинални ракописи, прегледи, приказ на случаи, терапевтски забелешки, специјални трудови, писма до уредникот).

Страниците на ракописот треба да се со текст со двоен проред со маргини од најмалку 2,5 см на хартија со формат (ISOA4). Прифатен формат на ракописот е Word. Содржината на текстот треба да има наслов, информации за авторот-ите, забелешки, апстракт, клучни зборови, текст, референци и именување на табелите и сликите. Табелите и сликите треба да се доставуваат на одделни страници.

Наслов на ракописот и информации за авторот-ите

  • Скратена верзија на насловот, но без користење на кратенки на зборовите
  • Име и презиме на авторот-ите
  • Работно место на секој автор (оддел, институција, клиника)

Забелешки

  • Дата на одржување на конгрес каде ракописот бил презентиран (ако бил претходно презентиран)
  • Изјава од авторот дека нема финансиски обврски или судир на интереси
  • Изјава за признание кон некоја компанија која го поддржала испитувањето изведено во ракописот (ако има таква компанија)
  • Име, адреса или електронска адреса на авторот за кореспонденција

Апстракт и клучни зборови

Ракописот треба да има апстракт составен од 200 до 250 зборови. Кај оригиналните ракописи и терапевтските забелешки апстрактот треба да ги има следните делови: цел на трудот, методи (опис на експериментите, пациентите, интервенциите), резултати (што е откриено), заклучок (значење на трудот). Клучните зборови треба да се во врска со термините наведени во Medical Subject Heading (MeSH0 of MEDLINE/PubMed. Ракописите коишто припаѓаат во преписки со уредништвото или писма до уредникот не треба да имаат апстракт.

Текст на ракописот

Во ракописот треба да се идентификува методологијата на работа, опремата (да се наведе производителот, неговите податоци) на којашто е спроведено испитувањето, како и постапките на истржувањето да се опишат на начин, за да може некој друг заинтересиран истражувач да го повтори истото испитување.Треба да се специфицираат користените статистички методи, да се наведат и објаснат користените методи кои не се сеуште доволно објаснети, да се процени употребата и ограничувањето на користените методи.За лековите треба да се наведат нивните генерички имиња, дозите и постапките за нивна прескрипција. Заштитените имиња на лековите треба да се наведат во заграда. Единиците за мерки, симболите и кратенките треба да се изразуваат со меѓународни стандарди. Мерките за должина, височина, широчина треба да се изразуваат во метрички единици (метар, килограм, литар) или нивните соодветни помали единици. Температуртата треба да се изразува во степени по Целзиус. Крвниот притисок треба да биде изразен во милиметри живин столб. Сите клинички хемиски мерки треба да се прикажани во метрички единици, користејќи го интернационалниот систем за мерки (SI). Користењето на различни симболи и кратенки не е дозволено. Кога кратенка се користи за прв пат во текстот на ракописот, потоа понатаму таа се користи со истото значење.

 

Референци

Очекувано е сите цитирани референци да се прочитани од страна на авторот-ите. Референците мора да ги содржат само оние автори, коишто се цитирани во текстот на ракописот, нумерирани се со арапски цифри и се наредени консекутивно, онака како што се јавуваат во текстот. Библиографските единки во текстот се наведени со користење на суперскриптирани арапски броеви. Референците мора да се наведени во стандарден формат наведен според меѓународниот комитет на издавачите на медицински списанија (WWW.icmje.org).

 

СПИСАНИЈА

Секоја референца мора да го специфицира презимето на авторот и неговите иницијали на името (ако е нивниот број до шест или помалку се наведуваат сите автори, ако во трудот учествуваат седум или повеќе автори, тогаш се наведува само првиот, а другите се наведуваат како “СОСОР.”). Оригиналниот наслов на трудот, името на списанието (според кратенките коишто се користат во MEDLINE/PubMed), година на издавање, број на волуменот и бројот на првата и последната страница. При цитирање на референците, ве молиме, следете ги внимателно правилата на меѓународните стандарди.

На пример:

Стандардни трудови: Gugucevski Lj, Shaqiri Sh. The Role of Occlusal Splits in Temporomandibular Disorder Treatment. Apolonia 2011; 13 (15): 31-6.

Организација се јавува во својство на автор: International Committee of Medical Journal Editors. Uniform requirements for manuscripts submitted to biomedical journals. Ann Int Med 1988;108:258-65.

Додатоци од книги: Payne DK, Sullivan MD, Massie MJ. Women’s psychological reactions to breast cancer. Semin Oncol 1996;23(1 Suppl 2):89-97

 

КНИГИ И МОНОГРАФИИ

За периодичните публикации мора да се наведат имињата на авторите, насловот, едицијата, местото на издавање ,издавачот и годината на издавање.

На пример:

Книги од еден или повеќе автори: Guguvcevski Lj, Veleski D, Dejanoski K. Complete Denture Clinics, Skopje: Ein-Sof;2005.

Глава во книга: De Meester TR. Gastroesophageal reflux disease. In: Moody FG, Carey LC, Scott Jones R, Ketly KA, Nahrwold DL, Skinner DB, editors. Surgical treatment of digestive diseases. Chicago: Year Book Medical

Трудови презентирани на конгреси: Kimura J, Shibasaki H, editors. Recent advances in clinical neurophysiology. Proceedings of the 10th International Congress of EMG and Clinical Neurophysiology; 1995 Oct 15-19; Kyoto, Japan. Amsterdam: Elsevier; 1996.

 

Наслови на табели и слики

Насловите на табелите и сликите треба да ги има како во текстот, така и на самите табели и под соодветните слики.

 

Содржина на табелите

Секоја табела треба да се поднесе како одделна содржина. Прифатен формат на табелите е програмата Word. Секоја табела мора да биде коректно напишана, означена со римски бројки и означена со соодветен наслов. Забелешките треба да се означени на крајот од табелата, а не во нејзиниот наслов. Табелите треба да се реферирани во текстот по одреден редослед.

 

Содржина на слики

Секоја слика треба да се поднесе како одделна содржина прифатени формати се JPEG со резолуција 300dpi, други прифатени формати се TIFF, PNG, PDF (висок квалитет) и Word за графикони. Сликите треба да се означени со арапски броеви и означени со соодветен пропратен текст. Сликите треба да се подредени во текстот по одреден редослед.

Репродукциите треба се користат ограничено, значи само ако се навистина неопходни.

Фотографиите од хистолошки препарати треба да се јасно означени со процентот на зголемување и со означен метод на боење на препаратот.

Ако се сликите во боја, треба точно да се означи дали ќе останат во боја или мое да бидат и во црно бела репродукција.

 

Оптималните димензии за печатење на сликите во списанието се:

  • 7,2cm (широчина) 4,2cm (височина)
  • 7,2cm (широчина) 9cm (височина)
  • €15cm (широчина) 9cm (височина)
  • 15cm (широчина) 18,5cm (височина): 1страница

За објавување на трудови во МСП се наплаќа надоместок за издавање во висина од 2500 денара (40€) по прифаќање на трудот, на следната сметка: 300000001914234 Комерцијална банка АД Скопје.

 

 

Aims and scope

Macedonian Dental Review as a leading, non-profit, scientific international and official journal of the University “Ss Cyril and Methodius”, Faculty for Dental Medicine and Macedonian Dental Society, provides new information at a high standard of quality in all disciplines involved in the field of dentistry and craniofacial research, related to oral health and disease. To maintain that high standard all submitted manuscripts are peer-reviewed by scientists or clinical experts in the forefront of dental research and in clinics worldwide. Each manuscript should be complete and submission of preliminary or inconclusive results is discouraged.

 

Publisher

University “Ss Cyril and Methodius” Skopje, Faculty for Dental Medicine and Macedonian Dental Society

Mother Theresa str., 17

1000 Skopje, Macedonia

 

Author’s Guidelines

Macedonian Dental Review (MDR), publishes scientific papers on dentistry and craniofacial surgery. Manuscripts may be submitted in the form of editorials, original articles, review articles, case reports, therapeutical notes, special articles, and letters to the editor.

Manuscripts are expected to comply with the instructions to authors which conform to the Uniform Requirements for Manuscripts Submitted to Biomedical Editors by the International Committee of Medical Journal Editors (www.icmje.org). Articles not conforming to international standards will not be considered for acceptance.

Papers should be submitted directly to the online Editorial Office at following e-mail: msp@stomfak.ukim.edu.mk

Submission of the manuscript means that the paper is original and has not yet been totally or partially published and, if accepted, will not be published elsewhere either completely or as a part. All illustrations should be original. Illustrations taken from other publications must be accompanied by the publisher’s permission. The Authors agree to transfer the ownership of copyright to Macedonian Dental Review in the event the manuscript is published.

The journal adheres to the principles set forth in the Helsinki Declaration and states that all reported research concerning human beings should be conducted in accordance with such principles. The journal also adheres to the International Guiding Principles for Biomedical Research Involving Animals recommended by the WHO and requires that all research on animals be conducted in accordance with these principles. The Authors, if necessary, must indicate that the study has been approved by the Ethics committee and the patients have given their informed consent. Authors must also indicate whether they have any financial agreements with any organization that were involved in the research by filling the relevant form.

Papers must be accompanied by the following author’s statement relative to copyright, ethics and conflicts of interest signed by all authors: “The undersigned authors transfer the ownership of copyright to Macedonian Dental Review should their work be published in this journal”.

They state that the article is original, has not be submitted for publication in other journals and has not yet been published either wholly or in part. They state that they are responsible for the research that they have designed and carried out; that they have participated in drafting and revising the manuscript submitted, whose contents they approve. In the case of studies carried out of human beings, the authors confirm that the study was approved by the ethics committee and that the patients gave their informed consent. They also state that the research reported in the paper was undertaken in compliance with the Helsinki Declaration and the International Principles governing research on animals. They agree to inform Editorial Board of MDR of any conflict of interest that might arise, particularly any financial agreements they may have with pharmaceutical or biomedical firms whose products are pertinent to the subject matter dealt with in the manuscript.”

The authors implicitly agree to their paper being peer-reviewed. All manuscripts will be reviewed by Editorial Board members who reserve the right to reject the manuscript without entering the review process in the case that the topic and the format of ethical aspects are inappropriate.

Once accepted, all manuscripts are subjected to copy editing. If modifications of the manuscript are requested, the corrected version should be sent to the online Editorial Office with the modified parts underlined and highlighted. The revised version should be accompanied by a letter with point-by-point responses to the reviewers’ comments.

Correction of proofs should be limited to a simple check of the printing; any changes to the text will be charged to the authors. Corrected proofs must be sent back within 3 working days to the online Editorial Office of Macedonian Dental Review. In case of delay, the editorial staff of the journal may correct the proofs on the basis of the original manuscript. Forms for ordering reprints are sent together with the proofs.

For further information about publication terms please contact the Editorial Office of Macedonian Dental Review, Mother Theresa str.17, 1000 Skopje, Republic of Macedonia. E-mail: msp@stomfak.ukim.edu.mk

 

Article types and instructions for the most frequent types of articles submitted to the journal

Editorials. Commissioned by the Editor in Chef or the Managing Editor, editorials deal with a subject of topical interest about which the author expresses his/her personal opinion. No more than 1000 words (3 typed, double-spaced pages) and up to 15 references will be accepted.

Original articles. These should be original contributions to the subject. The text should be 3000-5500 words (8 to 16 typed, double-spaced pages not including references, tables, figures. No more than 50 references will be accepted. The article must be subdivided into the following sections: 1. Introduction, 2. Materials and method, 3. Results, 4. Discussion, 5. Conclusions.

In the introduction to the aim of the study should be clearly summed up. The materials and methods section should describe in a logical sequence how to study was designed and carried out, how the data were analyzed (what hypothesis was tested, what type of study was carried out, how randomization was done, how the subjects were recruited and chosen, provide accurate details of the main features of treatment, of the materials used, of drug dosages, of unusual equipments, of the statistical method…). In the results section the answers to the questions posed in the introduction should be given. The results should be reported fully, clearly and concisely supported, if necessary, by figures, graphs and tables. The discussion section should sum up the main results, critically analyze the methods used, compare the results obtained with other published data and discuss the implications of the results. The conclusions should briefly sum up the significance of the study and its future implications.

Reviewed articles. Generally commissioned by the Editor in Chief or the Managing Editor, review articles should discuss a topic of current interest, outline current knowledge of the subject, analyze different opinions regarding the problem discussed, be up-to-date on the latest data in the literature. The text should be 6000-12000 words (17 to 34 typed, double-spaced pages) not including references, tables, figures. No more than 100 references will be accepted.

Case reports. These give a description of particularly interesting cases. The text should be 2000-3000 words (6 to 8 typed, double-spaced pages) not including references, tables, figures. No more than 30 references will be accepted. The article must be subdivided into the following sections: 1.introduction, 2. case report or clinical series, 3. discussion, 4. conclusions.

Therapeutical notes. These are intended for the presentation and assessment of new medical and surgical treatments. The text should be 3000-5500 words (8 to 16 typed, double-spaced pages) not including references, tables, figures. No more than 30 references will be accepted. The article must be subdivided into the following sections: 1. introduction, 2.materials and methods, 3. results, 4. discussion, 5. conclusions.

Special articles. This are articles on the history of medicine, health care delivery, ethics, economic policy, and law concerning dentistry. The text should be 3000-7000 words (8 to 20 typed, double-spaced pages) not including references, tables, figures. No more than 5 references will be accepted.

Letters to the Editor. This may refer to articles already published in the journal or to a subject of topical interest that the authors wish to present to readers in a concise form. The text should be 500-1000 words (1 to 3 typed, double-spaced pages) not including references, tables, figures. No more than 5 references will be accepted.

Guidelines. This are documents drawn up by special committees or authoritative sources. The number of figures and tables should be appropriate for the type and length of the paper.

 

Preparation of manuscripts

Text file

Manuscripts must be drafted according to the template for each type of paper (editorial, original article, review, case report, therapeutical note, special article, letter to the Editor)

The paper should be type written double spaced with margins of at least 2,5cm on 212:297 mm format sheets (ISOA4). The formats accepted are Word and RTF. The text file must contain title, authors’ details, notes, abstract, key words, text, references and titles of tables and figures. Tables and figures should be submitted as separate files.

 

Title and authors’ details

  • Short title, with no abbreviations.
  • First name and surname of the authors.
  • Affiliation (section, department, and institution) of each author.

 

Notes

  • Dates of any congress where the paper has already been presented.
  • Mention of any funding or research contracts of conflicts of interest.
  • Name, address, e-mail of the corresponding author.

 

Abstract and key words

Articles should include an abstract of between 200 and 250 words. For original articles and therapeutical notes, the abstract should be structured as follows: aim (aim of the study), methods (experimental design, patients, and interventions), results (what was found), conclusion (meaning of the study). Key words should refer to the terms from Medical Subject Headings (MeSH) of MEDLINE/PubMed. No abstracts are required for editorials or letters to the Editor.

 

Text

Identify methodologies, equipment (give name and address of manufacturer in brackets) and procedures in sufficient detail to allow other researchers to reproduce results. Specify well-known methods including statistical procedures; mention and provide a brief description of published methods which are not yet well known; describe new or modified methods at length; justify their use and evaluate their limits.

For each drug generic name, dosage and administration routes should be given. Brand names for drugs should be given in brackets. Units of measurement, symbols and abbreviations must conform to international standards. Measurements of length, height, weight, and volume should be given in metric units (meter, kilogram, liter) or their decimal multiples. Temperatures must be expressed in degrees Celsius. Blood pressure must be expressed in millimeters of mercury

All clinical chemistry measurements should be expressed in metric units using the International System of Units (SI). The use of unusual symbols or abbreviations is strongly discouraged. The first time in abbreviation appears in the text, it should be preceded by the words for which it stands.

 

References

It is expected that the authors will have read all cited references. The references must contain only the authors cited in the text, be numbered in Arabic numerals and consecutively as they are cited. Bibliographical entries in the text should be quoted using superscripted Arabic numerals. References must be set out in the standard format approved by the International Committee of Medical Journal Editors (www.icmje.org).

 

JOURNALS

Each entry must specify the author’s surname and initials (list all authors when there are six or fewer; when there are seven or more, list only the first six and then “et al.”), the article’s original title, the name of the Journal (according to the abbreviations used by MEDLINE/PubMed), the year of publication, the volume number, and the number of the first and last pages. When citing references, please follow the rules for international standard punctuation carefully.

Examples:

Standard article: Guguvcevski Lj, Shaqiri Sh. The Role of Occlusal Splints in Temporomandibular Disorder Treatment. Apolonia 2011; 13 (15): 31-6.

Organization as author: International Committee of Medical Journal Editors. Uniform requirements for manuscripts submitted to biomedical journals. Ann Int Med 1988; 108:258-65.

Issue with supplement: Payne DK, Sullivan MD, Massie MJ. Women’s psychological reactions to breast cancer. Semin Oncol 1996;23(1 Suppl 2):89-97.

 

BOOKS AND MONOGRAPHS

For occasional publications, the names of authors, title, edition, place, publisher, and year of publication must be given.

Examples:

Books by one or more authors: Guguvcevski Lj, Veleski D, Dejanoski K. Complete Denture Clinics, Skopje: Ein-Sof;2005.

Chapter from book: De Meester TR. Gastroesophageal reflux disease. In: Moody FG, Carey LC, Scott Jones R, Ketly KA, Nahrwold DL, Skinner DB, editors. Surgical treatment of digestive diseases. Chicago: Year Book Medical Publishers;1986. p.132-58.

Congress proceedings: Kimura J, Shibasaki H, editors. Recent advances in clinical neurophysiology. Proceedings of the 10th International Congress of EMG and Clinical Neurophysology;1995 Oct 15-19; Kyoto, Japan. Amsterdam: Elsevier;1996.

 

Titles of tables and figures

Titles of tables and figures should be included both in the text file and in the file of tables and figures.

 

File of tables

Each table should be submitted as a separate file. Formats accepted are Word and RTF. Each table must be typed correctly and prepared graphically in keeping with the page layout of the journal, numbered in Roman numerals, and accompanied by the relevant title. Notes should be inserted at the foot of the table and not in the title. Tables should be referenced in the text sequentially.

 

File of figures

Each figure should be submitted as a separate file. Formats accepted: JPEG set at 300dpi resolution preferred; other formats accepted are TIFF, PNG, PDF (high quality) and Word (for graphs). Figures should be numbered in Arabic numerals and accompanied by the relevant title. Figures should be referenced in the text sequentially.

Reproductions should be limited to the part is essential to the paper.

Histological photographs should always be accompanied by the magnification ratio and the staining method.

If figures are in color, it should always be specified whether color or black and white reproduction is required.

 

Optimal dimensions for publication of figures in the journal are:

  • 7,2cm (base) 4,8cm (height)
  • 7,2cm (base) 9cm (height)
  • 15cm (base) 9cm (height)
  • 15cm (base) 18,5cm (height): 1 page.

 

The publication fee for each paper is 2500 Mkd denars (40 €). The fee should be paid after final acceptance of the article, to the following account: 300000001914234 Komercijalna banka AD Skopje.