Упис на семестар преку профил за студенти
од 15.08.2017 до 14.09.2017
Преку вашиот профил може самите да направите упис на семестар.
Влезете во вашиот профил и клинете на Упис на семестар.

Мора да имате направено евалуација за да направите упис.

ВАЖНО: После уписот студентска служба ги верификува и ОДОБРУВА уписите, врз основа на донесената документација која треба да ја приложите во студентска служба:
- уплатници и сл.

АКО НЕ ВИ Е ОДОБРЕН уписот нема да се појавите во листата на вежби.

Не брзајте со упис на семестар ако треба да полагате или чекате резултати од условувачки предмети кои ви се поврзани со уписот, но не пречекорувајте го датумот до кога трае уписот 14.09.2017, . Прво завршете со полагање, добијте оцена и направете упис.
Во периодот додека трае уписот, земете резултати, па направите упис, но не пречекорувајте го крајниот датум за упис 14.09.2017.
Ако резултатите ви каснат по крајниот датум на упис, направете упис, па потоа преку студентска ќе ви се додадат тие предметите кои треба да ги слушате.

ПО ЗАТВОРАЊЕ НА УПИСОТ 14.09.2017 НЕМА ДА МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ УПИС.