Оглас за пријавување на кандидати за одобрување на специјализации

Врз основа на член 150 од Законот за здравствена заштита, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Стоматолошки факултет – Скопје распишува

О Г Л А С

за пријавување на кандидати за одобрување на специјализации на

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј Стоматолошки факултет – Скопје

 

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Стоматолошки факултет – Скопје распишува оглас за пријавување на кандидати за одобрување на специјализации за здравствени работници кои работат во приватни здравствени установи, за невработени здрвствени работници и вработени во други правни лица по следниве гранки на специјализација:

1. ГРАНКА НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА, НАЈКРАТКО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА И БРОЈ НА СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА УПИС

Специјализација

најкратко времетраење во месеци

број на слободни места за упис
Детска и превентивна стоматологија

36

12

Примарна стоматолошка здравствена заштита

24

3

Орална хирургија

36

15

Ортодонција

36

12

Стоматолошка протетика

36

33

Ендодонција и реставративна стоматологија

36

12

Пародонтологија

36

17

Орална медицина

36

4

2. УСЛОВИ ЗА УПИС: Заинтересираните кандидати согласно член 141 од Законот за здравствена заштита треба да ги исполнуваат следниве услови: завршена пробна работа, положен стручен испит, и лиценца за работа.

 

3. КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ: Заинтересираните кандидати кои ќе поднесат пријава за одобрување на специјализација ќе бидат селектирани според следните критериуми:

  • Просечен успех од студии – најмногу 60 бода,
  • Просечна оцена од предметите соодветни на специјализација – најмногу 15 бода,
  • Магистер/доктор по стоматолошки науки – 10 бода,
  • Запишан на втор или трет циклус на студии – 5 бода,
  • Познавање на странски јазик – 2 бода и
  • Работен стаж минумим две години (до максимум 15) – максимално 8 бода.

 

4. MEТОДОЛОГИЈА ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА КРИТЕРИУМИТЕ ВО БОДОВИ

  • Бодовите за просечниот успех од студиите ќе се утврдува според следнава формула:

просечен успех остварен на студиите x максималниот број на бодови (60)


максимално можен просечен успех (10)

добиениот резултат ќе биде пондериран со пондери добиени врз основа на последното објавено рангирање на високообразовните установи, но земајќи ги во предвид само Стоматолошките факултети на листата.

  • Бодовите за просечна оцена од предметот-те соодветни на специјализацијата ќе се утврдува според следнава формула:

просечна оцена од предметот –те x максималниот број на бодови (15)


максимална можна оцена (10)

  • Звање магистер на стоматолошки науки или доктор на стоматолошки науки е критериум кој се вреднува со 10 бодови, доколку кандидатот го докаже тоа со соодветен документ,
  • Запишан на втор или трет циклусна студии е критериум кој се вреднува со 5 бодови доколку кандидатот го докаже тоа со соодветен документ,
  • Познавање на странки јазик е критериум кој се вреднува со 2 бода доколку кандидатот го докаже тоа со соодветен документ,
  • Работен стаж во струката над 2 години е критериум кој се вреднува најмногу 8 бодови, доколку кандидатот го докаже тоа со соодветен документ според следнава формула:

Месеци поминати на работа во струката x максималниот број на бодови (8)


Максимално можен работен стаж кој се вреднува (180)

 

5. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: За докажување на исполнетост на условите за одобрување на специјализација, кандидатите заедно со барање за одобрување на специјализација (кое може да се подигне од архивата на Факултетот или од веб страната на Факултетот) треба да ја достават следната документација:

 ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

(за докажување на исполнетост на условите за упис)

1) Диплома за завршен Стоматолошки факултет

2) Уверение за завршен Стоматолошки факултет.

3) Уверение за положен стручен испит.

4) Лиценца издадена од Стоматолошката комора на Република Македонија.

5) Македонско државјанство.

АЛТЕРНАТИВНО ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

(за кандидати кои завршиле студии или приправнички стаж во странство)

А) Докулку кандидатот завршил високо образование (Стоматолошки факултет) во странство истиот треба да достави Решение за признавање на стекната високообразовна квалификација во странство (нострификација на диплома) и превод на дипломата и уверението.

Б) Доколку системот за оценување каде завршил Стоматолошки факултет кандидатот е различен од системот за оценување прифатен во Република Македонија ќе се бара документ за еквиваленција на оценки со точно одреден просек адекватен на македонски систем на оцеување издаден од Министерство за образование и наука.

В) Доколку кандидатот пробната работа, односно приправничкиот стаж го завршил во странство ќе треба да достави уверение за признат стаж и стручен испит во странство.

 

ДОКУМЕНТИ ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА ИСПОЛНЕТОСТ НА КРИТЕРИМИТЕ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

  • за докажување на просекот од студиите и просечната оцена од предметот документите наведени под точка 1 и 2,
  • за докажување дека кандидатот стекнал звање магистер или доктор на науки: дипломата од втор/трет циклус на студии,
  • за докажување дека е запишан на втор или трет циклус на студии: потврда издадена од Факултетот каде е запишан и копија од индекс заверена на нотар. За остварување бодови по овој критериум во предвид се зема само доколку студентот има статус на студент на високообразовната установа каде е запишан,
  • за докажување на познавање еден странски јазик кандидатот треба да достави: сертификат од Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески,, или меѓународно признат сертификат. Доказите за познавање на еден од светските јазици не смее да бида постар од 2 години од денот на издавање на документите.
  • за докажување на работен стаж – потврда за работен стаж во струката со наведен временски период над две години во јавна или приватна стоматолошка здравствена установа – ординација издадена од Агенција за вработување на Република Македонија.

 

6. ПОСТАПКА ЗА УПИС

Во рок од 15 дена по завршување на огласот ќе биде објавена прелиминарна листа на примени кандидати која ќе биде објавена на огласната табла и на веб страната на Факултетот. Незадоволните кандидати имаат право на приговор за евентуални грешки во  пресметката на бодовите на кандидатот. Приговорот во рок од 24 часа од објавата на прелиминарната листа се поднесува во архивата на факултетот или електронски на следнава mail адреса sfs@stomfak.ukim.edu.mk до второстепена комисија за одлучување по приговори. По истекот на рокот за приговори доколку приговори не се поднесени или по одлучување по поднесени приговори ќе се објави конечна ранг листа на огласната табла и на веб страната на Факултетот.

Кандидатите кои се наоѓаат на конечната ранг листа во рок од 5 дена треба да уплатат прва рата за упис на специјализација, по што ќе им биде издадено решение за одобрување на специјализација и ќе склучат договор за уредување на меѓусебните права и обврски со Факултетот.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар во архивата на Факултетот или преку пошта на следнава адреса УКИМ Стоматолошки факултет – Скопје, ул. Мајка Тереза бр.17, Скопје со назнака за оглас за одобрување на специјализации.

Барањето на кандидатите за одобрување на специјализација треба да биде комплетно и целосно. Барањата на кандидатите кои се некомплетни и нецелосни нема да бидат предмет на разгледување.

Огласот трае 30 дена сметано од денот на негово објавување.

 

 Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј,,

  Стоматолошки факултет – Скопје